Ноќеска во период од 23.00 до 03.00 часот по полноќ на подрачјето на Прилеп, во рамки на превентивната активност „Безбедно лето 2022“, била извршена контрола низ градските паркови и места каде има зачестено присуство на малолетници. За време на контролата кај А.Ч (26) и И.Д.(29), двајцата од Прилеп беше пронајдена марихуана. Тие беа лишени од слобода и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информира МВР.
Исто така биле приведени 19 малолетници затекнати во угостителски објект после полноќ, од кои кај 5 било констатирано присуство на алкохол. Приведено е и едно лице поради точење алкохол на малолетници, согласно чл.204 од Кривичниот законик. При контролата бил констатиран и прекршок за неносење на документ за идентификација.
Овие контроли ќе продолжат и во наредниот период со цел да се превенираат ризиците од девијантни појави, посебно кај младата популација, информираат од МВР.