Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

БГНЕС шокиран што никој не го сака предлогот на Георгиевски

0
By Нова ТВ on March 1, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во последните 24 часа во Македонија се одвива масовен и целосно координиран напад против поранешниот македонски премиер Љубчо Георгиевски, откако вчера тој предложи свој план за излез од ќор-сокакот во нашите билатерални односи, коментира репортерот на БГНЕС.Огромното мнозинство на медиуми не го објавија краткиот текст на неговите предлози, но наместо тоа објавија десетици коментари, анализи и реакции на „револтираните“ политичари, новинари и аналитичари.

Градоначалникот на градот Куманово, кој е дел од владејачката партија, Максим Димитриевски, побара од обвинителството да поднесе тужба и Георгиевски да остане без македонско државјанство. Пратеничката од партијата на премиерот Зоран Заев, Марија Георгиевска даде специјална изјава во која објави дека владејачката партија „нема апсолутно никаква врска со личните позиции на Георгиевски“.

Коалицискиот партнер на Зоран Заев, Павле Трајанов од Демократскиот сојуз е меѓу најгласните и за да биде забележан го рече следново: Немаме заедничка историја со Бугарите. Постоиме со векови, а на македонскиот јазик, како и на другите, му требаа илјадници години да се етаблира. Според него, „позициите на Lyубчо Георгиевски се пробугарски и антинационални“.

Во исто време, опозицијата, претставена од ВМРО-ДПМНЕ, го обвини Георгиевски за „обезличување на идентитетот на Македонија“. Портпарол на партијата рече дека „неговите тези се опасни и им штетат на националните интереси“.

Георгиевски предложи излез: Скопје да ја прифати историската вистина, а Софија – реалноста. Во нападот учествуваа „дипломати“ кои во минатото служеа и ја поддржуваа антиквизацијата на Никола Груевски.Сите медиуми, и провладини и опозициски, објавуваат „лути реакции“, но никаде нема барем едно неутрално мислење или коментар.

Сето ова потсетува на периодот по 1945 година, кога секој дисидент во Македонија се прогласуваше за „предавник, шпион, терорист, соработник на окупаторот или дел од петтата колона“.

Никаде во предвидувањата на Љубчо Георгиевски не беше спорен современиот македонски идентитет, но имаше повик земјата да ја прифати историската вистина, а властите во Софија да ги препознаат реалностите денес во РСМ, коментира БГНЕС.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.