Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

БГНЕС: Скопје го испраќа Георгиевски во објаснувачка мисија во Бугарија

0
By Нова ТВ on October 17, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешниот македонски премиер и основач на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски  во наредните денови ќе пристигне во Бугарија за да помогне во решавањето на тековните спорови меѓу двете земји. Посетата, како што пишува бугарската агенција БГНЕС пренесувајќи делови од синоќешното интервју,  се реализира откако тој неодамна имал разговор со премиерот Зоран Заев.

Поранешниот премиер најави дека ќе има јавни настапи со цел да разбие некои тези што во моментов се шират во Бугарија и таа да може правилно да го процени однесувањето на македонското раководство. Георгиевски смета дека Софија не разбира што значи македонски претседател или премиер да објави дека Гоце Делчев е заеднички херој и на Македонија и на Бугарија. Љубчо Георгиевски повеќепати ја потенцираше позитивната улога на претседателот Стево Пендаровски и, особено, на премиерот Зоран Заев, кои се за приближување кон Бугарија, која тие ја опишаа како пријателска земја, пишува БГНЕС.

– Тоа беше незамисливо пред само три години … Јас самиот не сум кажал такви работи затоа што ќе бев растргнат – пишува БГНЕС витирајќи делови од интервјуто на Героргиевски за Алсат.

Според агенцијата, Георгиевски признал дека многу малку е направено за приближување кон Бугарија во последните 30 години и оти македонската дипломатија ја преспала последната година, а особено периодот кога рамковната позиција за Македонија била расправана и усвоена во бугарскиот Парламент.

Во однос на минатото, како што пишува агенцијата, тој се прашувал како некои стари тврдења опстојуваат во демократијата, па го повикал секој македонски граѓанин кој сака да учи историја да оди и да ги купи книгите објавени од македонскиот архив во времето кога со него раководеше Зоран Тодоровски.

– Нема фалсификати, сè е во оригинал. Секаде може да се види дека Македонец и Бугарин се едно исто„, потенцира Георгиевски посочувајќи дека во Македонија„ нема ништо за периодот на двете балкански војни / 1912-1913 / и Првата светска војна / 1914- 1918 година /. И ова е многу едноставно, затоа што и левите и десните беа на страната на Бугарија. Имаме илјадници доброволци кои се бореа во редовите на бугарската армија. Македонија, исто така, не знае ништо за Македонската патриотска организација во САД и Канада, која е основана од елитата на македонската бугарска емиграција. Некои од нив достигнаа високи позиции во бизнисот, науката и администрацијата преку океанот. Во Македонија и натаму продолжуваат да се потсмеваат на оние кои се определија за Бугари – пишува Бугарската агенција БГНЕС.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.