Партијата ВМРО-ДПМНЕ постигна авторитетна победа, соборувајќи ги социјалдемократите од левиот центар кои го склучија договорот од Преспа со Грција пред шест години. Проблемите не останаа далеку од решението.
За време на нејзината инаугурација во неделата, новата претседателка, Гордана Силјановска-Давкова, нејзината земја ја нарече едноставно „Македонија“.
Прилично неубедливо, нејзината канцеларија инсистираше дека таа не се обидува да го поткопа Договорот од Преспа, туку едноставно го искористи своето „лично право на самоопределување и самоидентификација“.
Новоизбраниот премиер на Северна Македонија, лидерот на ВМРО-ДМПНЕ, Христијан Мицкоски, дополнително ги замати водите нарекувајќи го ставот на претседателот „чесен“, односно достоен за почит.
Одгворото на Атина беше жесток. Грција ја означи церемонијата на полагање заклетва на претседателот како „грубо кршење“ на Договорот од Преспа. Потврдата на г-дин Мицкоски дека споделува слични ставови предизвика дополнителен бес. Линк