Коосновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, по состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп и шефицата на кабинетот на Трамп, Сузи Вајлс, изјави дека го поддржува продолжувањето на работата на Агенцијата на САД за меѓународен развој -УСАИД.
Гејтс изјави рече се сретнал со Трамп во Белата куќа за да се заложи за продолжување на исплатите на странска помош со кои управува УСАИД.
Гејтс, кој беше коосновач на непрофитната фондација „Гејтс“ во 2000 година, истакна дека бил на терен со УСАИД велејќи дека работата на Агенцијата обезбедила неверојатни придобивки.
УСАИД е основана 1961 година и е една од најголемите официјални агенции за помош во светот и има мисии во повеќе од 100 земји, пред сѐ, во Африка, Азија, Латинска Америка, Блискиот Исток и во Источна Европа.