Преку 997 направени тестови во последните 24 часа, регистрирани се 179 случаи на ковид-19, не е пријавен ниту еден починат пациент, додека 175 лица се заведени како оздравени, соопшти Министерството за здравство, повикувајќи се на податоци од Институтот за јавно здравје.
Нови случаи на ковид-19 се регистрирани во Скопје – 97, во Кавадарци и во Велес – по девет, во Битола и во Прилеп – по осум, во Куманово и во Берово – по шест, во Тетово и во Гевгелија – по пет, во Штип и во Радовиш – по четири, во Кратово – три, во Охрид, во Кочани, во Неготино и во Свети Николе – по два, во Кичево, во Струга, во Крива Паланка, во Делчево, во Пробиштип, во Крушево и во Македонски Брод – по еден.
Досега во земјата се направени вкупно 2.155.071 милиони тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341.127, бројот на оздравени пациенти е 330.328, на починати е 9.499, а бројот на активни случаи изнесува 1.300.