Во организација на младите социјалдемократи, вчера вечер во Струмица се одржа трибина на тема „Социјалдемократијата и процесот на евроинтеграција на Република Македонија“.
За патот на евроинтеграциите, за дебаклот со кој се соочи Македонија и иднината на интегрирањето во ЕУ, зборуваше познатиот политички аналитичар и афирматор на европските вредности, проф. д-р Мерсел Биљали.
Аналитичарот Биљали го оцени како блеф писмото на премиерот Груевски испратено до неговиот грчки колега.
– Се ми се чини дека тоа е блеф, затоа што кога тој би имал политичка волја не би чекал толку години, тој што создава политички проблеми тешко дека ги решава истите, значи да имаше добра политичка волја немаше да ги создаде.