Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Билка“: Не може вие да сте бизнисмен со оргомен број растенија, а јас со три грама канабис криминалец

0
By Нова ТВ on October 30, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Не сакаме да бидеме пренесени „жедни преку вода“ и да добиеме трошки, а бизнис секторот да добие се. Не може вие да сте бизнисмен со милион евра и оргомен број растенија, а јас со три грама канабис да бидам криминалец. Тоа е аспурдно, парадоксално и недозволиво.

Вака денеска на прес-конференција Здружението за канабис и зелени политики „Билка“ образложи дел од своите десет барања и го најави Првиот македонски канабис форум на кој ќе се продискутира состојбата со канабисот во земјава од повеќе аспекти.

Според „Билка“, извршната власт е наглува за нивните барањата.

-Канабисот да го препишуваат и лекари од приватното здравство, да се дозволи користење за многу повеќе болести, а не само за ХИВ, канцер, мултиплекс склероза и епилепсија кај деца, како и да се легализира за лична употреба во количина од 50 грама. Да се донесе закон за канабис како лек специјалис во кој ќе се инкорпорираат бројните области што ги тангираат канабисот, пациентите и уживателите, да се основа посебна агенција за канабис или засебно одделение при Бирото за лекови, како и да се формира посебен институт во рамките на Факултетот за земјоделски науки и храна преку измени на Законот за високо образование, бара „Билка“.

Дел од барањата се и секое правно лице кое ќе отвори фабрика за производство на канабис во земјава, да добие лиценца само ако се обврзе дека дел од производството ќе го пласира тука, на домашниот пазар. Лицемерно и небулозно е, смета Здружението, да се овозможи бизнис со канабис, а притоа граѓаните да немаат никаков бенефит.

-Сакаме да ги повикаме сите политички фактори, невладини организации, активисти и индивидуалци да се приклучат кон оваа здрава иницијатива. Навистина не знам зошто извршната власт останува наглува за нашите барања кои не се нешто неообјективно или нечуено во светот. Премиерот подолго време зборува на оваа тема, но засега не е сработено ништо и многу е дискутабилно што тој подразбира под декриминилизација на канабисот. Еве, сме пуштиле и официјално барање преку приемното одделение на Влада, ако сака да не повика, премиерот може многу лесно да не најде, истакна претседателот на „Билка“, Јанаки Митровски.

Според него, Здружението има постојан контакт со неколку пратеници од владејачкото мнозинство, но комуникацијата со извршната власт е послаба. Последната реализирана средба е со Љупчо Николовски, во периодот кога тој беше министер за земјоделство. Пред една недела „Билка“ поднела и барање за средба со премиерот Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче, како и со министерот за правда, Бојан Маричиќ.

-Бараме и бришење на кривичната евиденција на сите уживатели на канабис кои се илегално гонети согласно Упатството на Републичкото јавно обвинителство за намера за продажба, легализација на канабисот како нормален тек по неговата декриминализација, дозволено одгледување до десет стебла за медицински цели од лица кои имаат здравствена потреба  која државата ја препознава и до три растенија за рекреативна употреба со задолжителна регистрација од страна на државно тело, истакна Митровски.

Контролата на секој сегмент поврзан со канабисот, според „Билка“, треба да се префрли од Министерството за здравство на Министерството за земјоделство зашто не се работи за опасна дрога или опасно растение.

-Науката не смее да каска и ние мораме да имаме домицилно научно тело кое ќе истражува. Засега нема ниту едно истражување во земјава иако четири години Законот е легализиран во медициински цели, напомена Митровски.

„Билка“ бара и инкорпорирање на индустрискиот коноп во законските измени кои се во собраниска процедура, како и поднесување амандмани на предложениот текст со кои ќе се отсtранат, како што оценува, штетните одредби како банкарски гаранции и давање дозвола од страна на Владата за продавање удел.

Првиот македонски канабис форум почнува попладнево, а предвидува неколку онлајн панели: политика во 17:30 часот и медицина во 19:00 часот, додека утре ќе се одржат уште два панела на тема бизнис и човекови права.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
ФОКУС

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

ВЕСТИ October 7, 2025

По убиството на судијата во Албанија, кого еден обвинет вчера го застрела во срце во…

Трамп: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО – дел ќе завршат во Украина

October 7, 2025

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

October 6, 2025

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.