Досегашниот советник за фармакоинформатика во Бирото за лекови, Катерина Алексоска е назначена за нов директор на оваа институција, одлучи Владата на вчерашната седница. Алексоска доаѓа на местото на Илчо Захариев кој доби градоначалнички мандат во Штип.
Министерот за здравство Никола Тодоров назначи уште тројца нови директори во јавни здравствени установи.
Во Заводот за кардиоваскуларни заболувања во Охрид,на местото на Никола Бакрачевски кој стана градоначалник, е назначена Изабела Ефтовска Наумовска, која досега била раководител на биоехемиската лаборија.
По добивањето на градоначалничкиот мандат на Георги Дамчевски во Крушево, за нов директор на Здравствениот дом е назначен Коста Андрески.
Смена има и на Институтот за трансфузилогија. Тодоров на местото на досегашниот директор Ристо Дуковски ја назначи Емилија Велкова, специјалист трансфузиолог во оваа установа.