Нови судири помеѓу демонстрантите и полицијата на Бит- пазар за кои првично и неофицијално МВР известува за двајца повредени полицајци и две оштетни полициски возила, како и неколку приватни. Приведени се неколку лица и се трага по останатите. Оклопни возила и 100-тици полицајци се во момент0в распоредени во тој дел од градот, додека демонстрантите фрлаат со камења кон полицијата, палат контејнери и демолираат дуќани.
Бит- пазар личи на војно поле, јавува нашиот репортер Сашка Цветковска. Целиот пазар е затворен, дуќанџиите забрзано ги затвораат своите продавници.