Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битиќи: Февруари ќе биде покриен со плати, за другото зависи од пратениците

0
By Нова ТВ on March 18, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Февруари ќе биде покриен со плати, а за другото одговорoт треба да го дадат пратениците во Собранието. Јас знам како би постапил да сум на нивно место, рече денеска вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

Тој очекува дека наредната недела за кога е закажана собраниската седница, законите за економските мерки да бидат донесени и дека граѓаните и стопанствениците ќе ја добијат поддршката.

-Мислам дека тоа е научена лекција. Време за политика ќе има кога ќе живееме малку подобро, без притисок на здравствената криза. Затоа сметам дека за една недела или десет дена законите ќе бидат донесени и помошта ќе стигне до сите на кои им е потребна, нагласи вицепремиерот, одговорајќи на новинарски прашања пред почетокот на економски форум „Економијата на крстопат: Кој ќе биде мотор на растот по Ковид-19?

Според него, треба да се работи и натаму на нови законски решенија, нови мерки и заеднички политики. Притоа, треба да бидеме паметни како да го намалиме јазот меѓу сиромашните и богатите, а даночната политика не е секогаш единствениот рецепт.

Во однос на извозно ориентираните компании кои треба, како што беше речено, да се поттикнат за да бидат мотор на растот во пост КОВИД периодот, Битиќи потсети Владата веќе донесе две мерки со кои за 108 суровини или се намалени или се целосно укинати царинските давачки.

-Продолжуваме да работиме независно на носењето на одредените закони зашто Царинскиот тарифник и усогласувањето може да се направи на два начина – преку автономни мерки и системски, преку промена на целиот Царинскиот тарифник и законот на кој работиме заедно со сите компании, истакна Битиќи.

На форумот ќе биде презентирана публикацијата „Потенцијалот на извозно ориентираните компании за придонесот за пост Ковид-19 економското опоравување во Северна Македонија“, изработена од „Фајненс тинк“ во рамки на проектот „Остварување на потенцијалот на извозно ориентирани компании да придонесат за закрепнување по КОВИД-19“, финансиски поддржан од Владата на Велика Британија и британската Амбасада во Скопје.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.