Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битиќи: Остануваме на проекциите – Владата уште во април најави дека ова ќе биде година на рецесија

0
By Нова ТВ on December 7, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најновите статистички податоци за падот на БДП во третото тримесечје, за вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи се очекувани. Тој денеска одговарајќи на новинарски прашања рече дека Владата уште во април најавила дека ова ќе биде година во рецесија. Тоа, вели Битиќи, не е случај само кај нас, туку со истиот проблем се соочуваат и сите други држави.

„Остануваме на проекциите дека крајот на годината ќе биде со пад од 4,4 проценти. На неколку наврати кажав дека индустриското производство е во нагорна линија во смисла на опоравување. Не може да очекуваме, кога имаме над 30 проценти пад во вториот квартал, да имаме нагло одење во позитива во третиот квартал“, рече Битиќи.

Очекува следната година економијата да оди во нагорна линија. – Мислам дека се движиме во правец кој ни дава надеж дека следната година ќе можеме да имаме подобар старт, рече Битиќи.

За набавка на вакцините за Ковид -19, како што информира, обезбедени се околу 8,4 милиони евра, а доколку има потреба за дополнителни дози, ќе бидат обезбедени дополнителни средства.

„За првпат во државата ќе иммеа ситуација во која поголем број на лица ќе треба да се вакцинираат. Над 400 илјади луѓе ќе се вакцинираат. Имаме донесено одлука за достапност на средства за набавка на ваквини околу 8,4 милиони евра. Остануваме на ставот дека ќе најдеме средства, доколку се потребни за дополнителен број вакцини во наредниот период“, рече Битиќи.

Во однос на мерката за поддршка на ранливите категории на граѓани кои треба да добијат по 6.000 денари, Битиќи се надева дека таа би се операционализирала за десетина дена.

„Гласањето на овој закон во суштина беше малку одложено. Штом законот излезе во Службен весник, ќе се направат сите оперативни чекори“, посочи Битиќи, додавајќи дека на граѓаните ќе им биде дадено доволно време за да можат да ги искористат средствата.

За случајот со назначувањето на Куштрим Рамадани за директор на МЕПСО, во кој Антикорупската комисија гледа судир на интереси, вицепремиерот Битиќи рече дека се работи за професионалец во областа и оти ставот е оти нема судир на интереси, но доколку има јако укажување од Антикорупциската комисија, тогаш тоа ќе биде земено предвид.

„Зборуваме за виден професионалец во областа, човек кој долги години наназад служел во Регуалторната комисија и токму затоа е дадена одлуката тој да преземе толку важен ресор во државата. Го немам прочитано одговорот на Државната комисија за спречување на корупцијата, но тоа што го слушнав на една од состаноците, е дека ние сметаме дека нема потенцијален конфликт на интереси. Доколку имаме такво јако укажување, ќе се земе предвид“, нагласи Битиќи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.