Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битиќи: Просечната плата ќе продолжи да расте

0
By Нова ТВ on February 26, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заменикот на Претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, гостуваше во емисијата „Утрински брифинг”, на Слободна ТВ, кадешто зборуваше за повеќе актуелни теми, помеѓу кои и нивото на просечнта плата и управувањето со задолжувањата во Република Северна Македонија.

Вицепремиерот Битиќи рече дека просечната плата продолжи да расте, а тоа е резултат и на значително покачената минимална плата, но и како резултат на притисок од пазарот на трудот.

„Минималната плата треба да биде некаде на 60% од просечната. Просечната плата континуирано расте и ќе продолжи да расте. Во декември 2020 година, просечната плата изнесува 28.294 денари, што е пораст од 5% во однос на декември 2019 година, или пораст од над 15% во споредба со 2017 година. Просечната плата расте и поради растот на минималната плата, која од 8.000 односно 9.000 денари, порасна на 14.500, и просчената плата ќе продолжи да расте, затоа што економијата тоа го бара, затоа што пазарот на трудот тоа го наметнува. Мерките за поддршка на компаниите се конципирани на тој начин да се поддржуваат компании кои исплаќаат солидни плати кон вработените, не даваме ниту денар на оние компании кои исплаќаат минимални плати за вработените. Очекуваме во јуни 2021, кога се всушност 4 години од владењето на оваа Влада, да стигнеме до просечна плата од 30.000 денари. Во 2017 година беа потребни 4 минимални плати за да се задоволи потрошувачката кошница, сега се потребни 2,2 минимални плати, а тежнееме кон тоа да 1,5 минимална плата биде доволна за потрошувачката кошница”, нагласи Битиќи.

Вицепремиерот нагласи дека Северна Македонија има стабилен кредитен рејтинг и дека тоа значи пристап до поефтини кредити за раздолжување со претходни задолжувања кои се со повисоки каматни стапки.

„Во моментов немаме одлука за задолжување, тоа е процес кој трае и кој го води Министерството за финансии, но ако се задолжувам, би се задолжувале, со значително подобри услови. Би можеке да добиеме поволни заеми со каматни стапки помали за 50% од тие што ги имаме. Значи, би се задолжиле да ги вратиме старите задолжувања, со помали каматни стапки, кои сега се 8%, 6%, 5%, а ние може да најдеме кредити со каматни стапки и од 2,5%, со претходно земените кредити, граѓаните само за камати годишно плаќаат 150 милиони евра, тоа е недомаќинско работење. Кога би имале можност да се рефинансираат заемите со други заеми со пониски каматни стапки, секој би го сторил тоа, тоа е во интерес на граѓаните” нагласи Битиќи во своето гостување во емисијата Утрински брифинг на Слободна ТВ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.