Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битиќи – Абазовиќ: Регионална конкурентност наместо регионална конкуренција за развој на балканските економии

0
By Нова ТВ on March 10, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Балканските земји мора да ја развиваат конкурентноста, а не конкуренцијата. Регионалната конкурентност е клучот кој ја отвора вратата за земјите од Западен Балкан, порачаа денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и потпретседателот на Владата на Црна Гора, Дритан Абазовиќ.

На билатералниот состанок во Скопје, Битиќи и Абазовиќ ги разгледале можностите за продлабочување на економската соработка, но и го отвориле прашањето за создавање т.н. зелен коридор за туристите во претстојната сеозна кој ќе овозможи нивно непречено патување.

Заеднички бил и заклучокот дека двете земји мора да се фокусираат на владеење на правото, како и на борбата против корупцијата и организираниот криминал. На европскиот пат треба да си помагаме, оценија Битиќи и Абазовиќ, напоменувајќи дека регионот мора да направи исчекор и да ги прифати правилата на развиениот, демократски свет.

-Една од темите секако беше и мини шенгенот, но јас претпочитам да зборуваме за економската соработка зашто еден од клучните предизвици на сите влади во регионот е работатата што треба да ја направиме за нашите економии. Не треба да си конкурираме еден на друг, туку заедно да работиме. Ова се чекорите кои ќе ги операционализираме и на кои ќе работиме заедно, истакна Битиќи.

Како што истакна Абазовиќ, земјите од регионот треба заедно да ја исцртаат патеката за европската иднина. Регионот е изморен од караници, напорите на земјите треба да се насочат кон економијата, порогресот и животниот стандард.

-Да се посветиме сите заедно на ова, мора да создаваме нова вредност. Земјите од Западен Балкан мора да направат исчекор, да се сменат, да се однеусваат поинаку, да ги прифатат правилата на демократскиот свет. Тоа е интересот на нашите земји, не само на ЕУ. Ако тоа не го постигнеме ќе биде сеедно дали е тоа заеднички или поединечен неуспех. Нашата рака е подадена на сите земји од Западен Балкан, истакна Абазовиќ.

Тој ги повика македонските граѓани своите одмори да ги поминат во Црна Гора. Притоа напомена дека за да биде успешна претстојната сезона мерките мора да се почитуваат, треба да се постигне добра бројка со вакцинацијата и да се работи на тоа да нема карантин при враќањето во земјата.

Потпретседателот на Владата на Црна Гора, Дритан Абазовиќ е во официјална посета на Република Северна Македонија на покана на вицепремиерот Битиќи. Во текот на посетата Абазовиќ ќе се сретне и со претседателот на Собранието, Талат Џафери, со првиот вицепремиер, Артан Груби, како и со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.