Во рамките на Законот за финансиска поддшка и инвестиции Владата потпиша договори со 48 компании кои решија да инвестираат во услови на криза. Се работи за 38 нови договори и 10 анекс договори. Вкупниот инвестициски циклус изнесува 53,4 милиони евра од кој 29,4 милиони евра по основ на нови 38 договори. Овие компании се очекува да отворат 498 нови работни места и да ја зголемат конкурентноста на домашната економија.
-Jа поздравувам одлуката на овие 48 компании кои решија да имаат нови инвестиции со што ќе продолжи трендот на нивен раст, ќе се отворат нови работни места и ќе се зголеми конкурентноста на компаниите на домашниот, а уште поважно на светскиот пазар. Поддршката на овие компании е значајна и од аспект на рамномерен регионален развој, бидејќи само 21 отсто од компаниите се од Скопје и околината, а останатите 79 отсто се од други градови од државата. На овој начин им се дава можност на граѓаните да останат дома и да придонесат за локален економски развој, изјави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Бетиќи.
Тој додаде дека најголем број од поддржаните компании се мали компании и оти Законот дава еднаква можност и за домашните и за странските компании важно да сакаат да инвестираат.