Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битола живее во знакот на културата

0
By Нова ТВ on July 29, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од денес па сe до петок, културната понуда на градот под Пелистер ќе биде збогатена со Фестивалот на фолклорни игри и песни „Илинденски денови“.

Фестивалот е во организација на Националната установа Центар за култура-Битола. Ова ќе биде негово четириесет и четврто издание, со што спаѓа во редот на најстарите културни манифестации во државава.

Според зборовите на директорот на битолскиот Центар за култура, Борче Димитровски, покрај најдоброто од македонскиот фолклор, на фестивалот ќе настапат ансамбли и интернационални групи од Холандија, Унгарија, Словенија, Хрватска, Грузија, како и ансамблот „Кумагаја“ од Јапонија. Интернационалната вечер ќе се одржи на 1.август на сцената на античкиот локалитет Хераклеја.

Дел од фестивалската понуда на „Илинденски денови“ ќе бидат и манифестациите „Ехо од дамарите“, „На пладне во чаршија“ и „Оро на Широк Сокак“. Во рамките на фестивалот ќе биде одржан и семинар за традиционална музика и игра, а ќе биде промовирана и книгата на авторот Марко Китевски „Македонски празници и обичаи“. Фестивалот ќе биде затворен со концертот на Драган Даутовски.

Во отсуство на позначајни настани од другите сфери на секојдневието, Битола живее во знакот на културата. За тоа зборуваат и штотуку завршеното второ издание на „Битола Шекспир фестивал“, како и секојдневните културни збиднувања кои се дел од манифестацијата „Бит Фест 2014“.

Како најава на претстојниот 35. Интернационален фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ кој ќе се одржи од 13-19 септември, минатата недела беше соопштен лауреатот на наградата „Златна камера 300“ за животно дело, која оваа година му припадна на двојниот оскаровец, Англичанецот Крис Менџис.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.