НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бизнис тајни од древниот град: Чија ќе биде куќата пред дворот на Канео

1
By Нова ТВ on April 15, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ако охриѓанец ви каже дека јадел риба, тоа значи дека се гоштевал со пастрмка, доколку, пак, охриѓанец ви каже дека потекнува од Охрид, тоа значи дека неговата родна куќа се наоѓа во старото градско маало Варош. И кога сите други зборуваат за Охрид мислат на калдрмените улички во Варош притеснети од чардаците на варосаните куќи со дрвени пенџериња во кои се огледува езерото и низ кои силно струи свежото ветре од паркот под Самоиловата тврдина. Ова маало заедно со строгиот центар на главниот град, Скопје претставува можеби најатрaктивната зона во Македонија каде вредноста на недвижностите се издигнува над врвовите на планината Галичица.

Охриѓани велат дека цените на варошките куќи се движат меѓу 150.000 и 250.000 евра во зависност од тоа колку влезната врата е оддалечена од езерото или близу до катедралата на црквата Св. Софија, меѓутоа потсетуваат дека не толку одамна, некаде пред големата светска економска криза, куќите биле двојно поскапи.

Мештаните се зачудија кога дознаа дека во јануари општината ќе продава градежна парцела во срцето на стариот град, неколку метри од почетокот на камената патека која води до портите на црквичката Св.Канео, стара седум века. Она што во градежните планови е запишано како маркичка за куќа, во моментов претставува стрмнина пошумена со борови, простор омеѓен со патеки што водат до црквата од едната страна и удолу до населбата Канео од другата страна. Општината минатиот месец за сосема солидна сума го продаде атрактивниот плац преку електронска аукција, а се што им кажа на охриѓани е дека името на нивниот нов комшија се крие зад скопската фирма „Инвест билдинг“.

Не е прв пат во Варош да гради човек кој не е мештанин, претходно привилегијата ја добија скулпторот Томе Серафимовски и претседателот Киро Глигоров и затоа охриѓани се запрашаа која е „ѕверката“ што овој пат им се вселува во соседството.


Локацијата на атрактивниот плац

По трагата на новите газди: десетици фирми и многу промени во централниот регистер

Покрај фактот дека се работи за исклучително атрактивно земјиште, непосредно до езерото, љубопитноста на јавноста дополнително се подгреа откако администрацијата на Општина Охрид не беше до крај искрена во врска со инвеститорот. На општинскиот сајт прво се објави вест во која го немаше името на фирмата што ќе ја гради хациендата, а веднаш по критиките на опозициските советници се појави името на „Инвест билдинг“. Откако почнавме да трагаме кои се газдите на оваа фирма набризна, но и по серијата прашања од наша страна, за десетина дена се случија крупни промени во сопствеништвoто на „Инвест билдинг“ што дополнително не заинтригира кој всушност ќе гради.

Официјалните податоци покажаа дека речиси половина од сопствеништвото на фирмата е во рацете на 45-годишниот бизнисмен од Куманово, Тони Каранфиловски, додека другата половина од „Инвест билдинг“ им припаѓа на тројца жители на Скопје – Атанас Пашоски (39), Благој Јовчевски (41) и на Емил Милев (51).

Кумановскиот бизнисмен Тони Каранфиловски е влезен во „Инвест билдинг“ преку неговата компанија „Квалитет-пром“ која, пак, годинава купи преку 50 отсто од акциите на кумановската Фабрика за цефки „11 Октромври“. ФЗЦ „11 Октомври“ ќе учествува во дел од монтажата на гасоводната делница Клечовце што ќе ја гради руската компанија „Стројтрансгас“, а Каранфиловски е дел и од семејниот бизнис со пет бензиски пумпи под брендот „Детоил“.

Другата половина од фирмата којашто ќе гради хациенда во Охрид им припаѓаше на трите лица (Атанас Пашоски, Благој Јовчевски и на Емил Милев) од Скопје кои беа содружени во една компанија наречена „Капитал поинт“, меѓутоа откако го контактиравме Емил Милев и го прашавме за инвестицијата покрај езерото, тој за неколку дена ја напушти фирмата „Капитал поинт“. Милев е човек кој од 2000 до 2014 година работел на неколку позиции во Царината. Интересно е дека по заминувањето на Милев од „Капитол поинт“, оваа фирма ја смени и адресата на којшто се наоѓа уште од своето основање во 2007 година. Брзите промени во фирмата се случија неколку дена откако Милев го прашавме дали го познава бизнисменот Стефан Пулејковски-Штеф и дали соработувал со него, бидејќи адресата на којашто беше сместена „Капитол поинт“ на улица „Капиштец“ на скопско Водно е куќата од каде Пулејковски ги управува своите бизниси.

Пулејковски е човекот кој заедно со Дарко Дулиќ (син на експратеничката Благородна Дулиќ) во 2002 година добиле бизнис од три милиони евра од Министерството за финансии, каде што главен бил сегашниот премиер Никола Груевски, а парите ги добиле за потребите на државната Национална платежна картичка, каде што, пак, директор бил денешниот претпоставен на Дарко Дулиќ во Царината – Владимир Мијалков, кој е и прв братучед на премиерот Груевски! Државниот ревизор во 2004 година не бил убеден дека воопшто пристигнала опремата од оваа фирма, која отишла во стечај само една година откако го добила бизнисот вреден околу три милиони евра. И денес бизнисите коишто се врзуваат со Пулејковски соработуваат со државните институции.

Врските на „Капитол поинт“ со Пулејковски не завршуваат тука. Директорот на оваа фирма и еден од тројцата сопственици, Благој Јовчевски е ортак со Пулејковски во трета фирма која нема врска со земјиштето во Охрид. Пред самото објавување на овој текст „Капитол поинт“ излезе од сопственичката структура на инвеститорот во Охрид, „Инвест билдинг“, која остана само во рацете на кумановскиот бизнисмен Тони Каранфиловски.

Срамежливи инвеститори

Инвеститорот на оваа атрактивна локација, која сега е стрмнина со борова шума, ќе може да изгради куќа која ќе издига 3,9 метри над патеката што води кон Канео (спрат и поткровје), додека под неа ќе има уште два ката. Урбанистичкиот план предвидува на местото да се изгради куќа, меѓутоа една третина од плацот може да се употреби за комерцијален и простор за спорт и за рекреација.

Кумановскиот бизнисмен Тони Каранфиловски, којшто сега е единствен сопственик на „Инвест билдинг“, вели дека идејата е да изгради „убава викенд куќа, која би останала како белег на нашето живеење“. Меѓутоа, со Каранфиловски не се разбравме дали фирмата-инвеститор ќе ја продава хациендата и тој не одговори кој ќе се одмора во викендичката доколку компанијата реши да ја задржи атрактивната куќа во Охрид, бидејќи кога го прашавме, во тој момент „Инвест билдинг“ имаше повеќе сопственици.
Тројцата коишто ја поседуваа другата половина од инвеститорот исто така не ни ги разјаснија дилемите.

Емил Милев се огради од инвестицијата во Охрид, потенцираше дека тој е малцински сопственик во „Капитол поинт“ и нема право да донесува одлуки, па пота ја напушти компанијата, а до финализирањето на текстов не успеавме да го контактираме Благој Јовчевски, а немавме повеќе среќа ниту со третиот сопственик на „Капитол поинт“, Атанас Пашоски. Овој последниов е сопственик на скопската компанија „Флорастат“, која се занимава со зеленило и со хортикултура, меѓутоа неговата секретарка не успеа да не поврзе, оти како што ни објасни „таа не го вознемирува Пашоски за нешто што не е важно“.

Плацот таксан за викендичка до лани беше обичен зелен појас, меѓутоа со промените на деталниот урбанистички план (ДУП) од јуни 2014 година мнозинството советници во Општината Охрид, предводени од ВМРО-ДПМНЕ, решија таму да се гради куќа.

Администрацијата на градоначалникот Никола Бакрачески по барање на Министерството за транспорт и врски го стави на продажба земјиштето во јануари годинава, додека електронската аукција ја одржа во март кога „Инвест билдинг“ се покажа како најдобар понудувач во борбата со уште две компании и седум физички лица. Продадени се вкупно 201 квадрати за цена од 830 евра по метар квадратен или за вкупно 167.000 евра. Општината се надева на 80 отсто од оваа сума и со нив планира да отплаќа долгови и да ги „користи за развојни програми“, додека 20 проценти од парите одат во државниот буџет.

Директорката на охридскиот Заводот за заштита на спомениците, Тања Паскали Бунташеска, вели дека нејзината институција била вклучена во изработката на ДУП-от и оти на тоа место, веднаш до Канео нема археолошко наоѓалиште или некое друго културно или природно наследство кое би се загрозило или уништило при изградбата на хациендата. Таа уверува дека заводот ќе биде на терен и кога ќе почне да се гради викендичката и нема да дозволи таму да никне некаков друг објект кој би отскокнувал и во изгледот и во габаритот од старата охридска архитектура во Варош.

Охрид 2014


Проферсорот Талевски и опозиционерот Дејан Блажески се против продавањето на државнo земјиште во старото градско јадро на Охрид

Професорот Трајче Талевски кој работи во Хидробиолошки институт, како граѓанин на Охрид и како активист, гласно беше против отуѓувањето на плацот кај Канео.

– Продажба на државна парцела во Охрид за некои си 150.000 евра од кои замислете цели 120.000 евра ќе му останеле на градот. Дали со тие пари ќе го извадат Охрид од милионскиот долг? Ова навистина ја помина сета логика и разум. Ако градот дојде да опстои со тие 120.000 евра, треба сите да се запрашаме зошто го изгласавме ова раководство? Јас овој пат гласав за Бакрачески и за листата на ВМРО-ДПМНЕ и се каам поради тоа. Ветувањата не беа вакви господа, реагира Талевски.

Советникот од редовите на опозицската ЛДП, Дејан Блажески реагира дека со распродажбата на земјиште во срцето на стариот град се нарушува она што е Охрид како приказна која, како што вели Блажески, ја продаваме во светот.

– Ако се вклучат експерти кои знаат што значи таа карпа за Охрид, односно за нејзиното сведоштво, ќе чуеме дека таа зборува за тоа колку е старо езерото. Ние не смееме да дозволиме таму да никнуваат градби и еден Охрид да наликува на Драч. Уште повеќе кога постапката не беше до крај транспарентна. Името на фирмата-инвеститор не постоеше на официјалната веб-страница на Општина Охрид, а веднаш по мојата прес-конференција ја додадоа фирмата. Не можете за 100.000 или за 200.000 евра да отуѓувате земјиште коешто е значајно за градот. Не смееме да го изгубиме овој автентичен изглед, вели Блажески.

Професорот Талевски потсетува дека во предизборните ветувања на градоначалникот Бакрачески немало ветувања за изградба на марини, аква-паркови, патеки од милион евра за кафе туризам, немало ветување за уништување на Охридско блато, Галичица и на езерото, немало ниту збор за продажба на Љубаништа, диви градби кај Св. Заум и за холивудски плажи додека фекалии се влеваат во езерото.

– Ако го кажевте ова пред избори подобро ќе ни беше да останеа истите. Тие барем до некаде се заситија и со пари и со вакви катастрофални решенија. Ова веќе ја поминува секоја мерка, му порача Талевски на Бакрачески.

Охридскиот градоначалник, Никола Бакрачески не беше достапен за коментар.
По идејата за голем туристички ресорт во Љубаништа, кој требаше да го Субрата Рој, граѓанските асоцијации од Охрид сега се мобилизираат против забрзаната урбанизација на крајбрежјето, а деновиве посебно жестоко реагираа на идејата да се урбанизира Студеничкото блато за кое велат дека е природниот филтер на Охридското Езеро.

НОВА истражува серија оттуѓувања на државни плацови и имоти во најатрактивните општини во Република Македонија.

Следува: Домашни моќници маскирани во холандски инвеститори сечат шума за да градат луксузен хотел во Охрид

Претходно

Русинот Самсоненко во приказната „Инвест ин Маседониа виа Белизе“

Белизе: Тајната страна на инвеститорите во Македонија
“

Кумот на Груевски пазарел шума, а добил градежен плац “

Истражувањата се поддржани од НЕД во рамки на проектот „Промовирање на истражувачкото новинарство во сферата на јавните трошења“

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.