Групата Бла Бла Бла овој четврток во киното Фросина во МКЦ го одржа првиот концерт од серија промотивни концерти со кои го претставуваат четвртиот албум „Brum për Medioferr“. Следната станица е Приштина, а потоа следува и Тирана.
– Бла Бла Бла ми е се во животот. Го ставам пред фамилија, пред држава, пред сè. Но најверојатно тука ќе престанам – вели Идриз Ахмети, кој е вокал во бендот.
Формиран кон крајот на 1980-те, скопскиот бенд БЛА БЛА БЛА влегува во редот на најзначајните алтернативни регионални пројави. Идриз Ахмети и бројните музичари кои во безмалку трите децении се извртеа во групата, поодамна докажаа дека рокенролот, меѓу другото, има моќ и да обединува.