Македонскиот неврохируг Бранко Блажевски пред три години е избркан од работа затоа што сакал да се едуцира во странство. Тој во ПРОЦЕС обелоденува како со политика на елиминарање заминаа најкалитетните нерохирурзи од јавното здравство. За хаосот и безредието во болниците, но и како да се мобилизира државата за спас на здравството. На кој начин да се укине самоволието на партиски поставените директори и Управните одбори?
Може ли да се направи систем кој не продуцира корупција?За провизиите и набавките кои се крвток на македонското здравство. За осветата на белите мантили, односно зошто лекарите што заминаа во странство не помислуваат да се вратат назад. Блажевски збрува и за што прво треба да се зафати новиот министер за здравство. Доктор Бранко Блажевски е единствениот неврохирург на Балканот кој добил отказ од работа затоа што отишол да се едуцира во странство и тоа на свој трошок.