Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Блесок: Промоција на поетска книга од Михаел Кругер „После природата“

0
By Нова ТВ on June 3, 2015 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во организација на Блесок и СловоКулт, а со поддршка од Гете Институтот и
Друштвото за македонско-германско пријателство и соработка на 06.06.15, сабота, во 20 часот во кафе-книжарницата Децата од нашата улица (ул. Ленинова, Аминта Трети 29) ќе се одржи промоција на поетската книга од Михаел Кругер „После природата“ која излезе 2012. во издание на Блесок.

Избор на песните и превод од германски:

Елизабета Линднер

Програма: Претставување на авторот, разговор и читање поезија на македонски и германски со проекција на македонскиот превод. Во чест на Игор Исаковски авторот ќе прочита две негови песни во превод на германски. Во последниот дел е предвидено време за прашања од публиката, а потоа и потпишување на книги.

Вовед и претставување на авторот: Елизабета Линднер
Разговор со авторот: Никола Маџиров
Превод на разговорот: Емина Авдиќ
Читање одбрани песни: Елизабета Баковска
Организација за Блесок: Калина Буневска Исаковска
За Гете Институтот во Скопје директорот: Томас Дикхаус
Координација од ДМГПС: Сашо Андреевски

За сенките

Ги познавав добрите и лошите сенки,
беспросторните сенки на соништата, во кои теолози
се караат за јаболкото на раздорот, и за сенката
што ја фрлаат рибите и заитаните инсекти.
Дедо ми мешаше сенки во сеидбата,
за да порасне нешто што не е залудно,
и за плевата да не се дели од житото.
А еднаш ја видов сенката на птиците,
која висеше на каменот како волна на грмушка.
Од денеска и мојот сон фрла сенка
врз светот кој станува сè понеосветлен.

Михаел Кругер е роден 1943 во Витгендорф, Саксонија, пораснал во Берлин, живее и работи како издавач, уредник на списанието за литература „Акценте” и писател во Минхен. Од 1986 до 2014 директор на издавачката куќа Ханзер.

За своето дело има добиено бројни признанија, меѓу друго и наградите Петер Хухел, Ернст Мајстер за лирика, а 2010 престижната награда за литература Јозеф Брајтбах. Меѓу другото ги има објавено следните збирки поезија: Непосредно пред бурата (2003), Под отворено небо (2007), На чисто (2010), Подесување на времето (2013).

Почеток на летото

Летото држи предавање
за смртта, а сè внимателно слуша.
Крај бунарот стои старец
и пие, од рака в уста,
со себе на чисто. Неподнослива тегоба –
да се најде говор кој одговара.
Едно дете претрчува покрај него, колениците издраскани.
Молчи. Не сака да ја наруши тишината.
———————————————————————-
Повеќе песни од Кругер онлајн во Блесок 88 (и на англиски): http://www.blesok.com.mk/tekst.asp?lang=mac&tekst=1396&str=2#.VWooIuvfZd0

Или во печатеното издание на Блесок по поволна цена на читањето или потоа во сите книжарници и во Блесок продавница: http://blesok-shop.mk/mk/167-после-природата-9789989593741.html

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.