Палестинското исламистичко движење Хамас останува единствената пречка меѓу луѓето во Газа и прекинот на огнот со Израел, изјави американскиот државен секретар Антони Блинкен.Чекаме да видиме дали навистина ќе се согласат на прекин на огнот и дали ќе ги ослободат заложниците, рече Блинкен на форумот Седона на Институтот Мекејн во Аризона.
Делегација на Хамас денеска заминува за Каиро за да ги продолжи разговорите.