Координаторот на изборната единица 3 и член на Извршниот одбор на ВМРО-Народна партија Слободан Близнаковски е приведен затоа што синоќа просториите на неговата матична партија упатил вербални закани кон советничката во општина Велес Рајна Стојанова, дознава Пресс 24 од извори во истрагата.
На советничката претходниот ден освен Близнаковски, во нејзиниот дом и се заканувало и извесно лице Зоран А.
Полицијата, како што јавува Пресс 24, ќе поднесе кривични пријави против двајцата сторители.