Рано изутрина околу илјада демонстранти ги блокираа влезовите кои водат кон украинската влада во Киев а сите улици што водат зградата беа блокирани од автомобилисти кои се симаптизери на опозицијата.
Околу илјада од демонстрантите кои синоќа протестираа ја поминаа ноќта на улица и сабајлево дојдоа до владата.
Агенциите јавуваат дека демонстрантите делат топли напитоци утринава а присуството на полицијата не беше забележано, вели АФП.
Лидерите на опозицијата повикаа во неделата вечер окупацијата на зградата на владата во центарот на Киев се додека претседателот Јанукович не поднесе оставка.
Протестите ги предизвика непотпишувањето на договорот за асоцијација со ЕУ што Јанукович го одби. Протестите вчера беа насилни и стотици лица беа ранети.