Осудениот поранешен премиер на Македонија се наоѓа во Унгарија и аплицира за политички азил во земјата – ова е предизвик за премиерот Виктор Орбан да ја најде средината помеѓу водечките европски политики и неговите националистички граници – пишува „Блумберг“.
Орбан е соочен со тешка одлука. Тој може да му овозможи азил на Никола Груевски, кој бега од двегодишна затворска казна, и дополнително да го уништи својот имиџ меѓу европската политичка елита. Или пак може да го одбие барањето за азил и да го напушти својот сојузник, со што би можел да го налути рускиот претседател Владимир Путин.
– Би било срамно за Орбан дома и во странство ако го одобри барањето за азил на осудениот балкански политичар – вели Атила Јухаз од будимпешкиот Политички Капитал.
– Тоа со ништо не би можело да се објасни, освен со руско влијание – додава Јухаз.