Ќерката на Витни Хјустон, Боби Кристина Браун почина вчера на возраст од 22 години, шест месеци по несреќата во нејзиниот дом во Атланта. Таа при несреќата претрпе трајно оштетување на мозокот, по што беше во кома.
Боби Кристина, чиј татко е пејачот Боби Браун, беше пронајдена во несвест во када во својот дом на 31 јануари. Несреќата најверојатно е поврзана со прекумерна употреба на дрога.
„Конечно се смири во Божјите раце“, изјави семејството. „Уште еднаш сакаме да им се заблагодариме на сите за нивната несебична љубов и поддршка во текот на овие месеци.“
Боби Кристина Браун го наследи богатството на Витни Хјустон. Таа почна да настапува со својата мајка веќе како шестгодишник, пеејќи ја во дует „My Love is Your Love“. Во 2003 година снимија уште еден дует, „Little Drummer Boy“.