Најостро демантирам, ниту фирмата аплицирала некогаш на тендер на Општина Штип, ниту добила тендер од Општина Штип, откако станав градоначалник. Фирмите на моето семејство постојат 25, 30 години, вработуваат луѓе и редовно исплаќаат плата.
-СДСМ покажува стандарди на одговорно и отчетно владеење, незамисливи за периодот зад нас.
-Злоупотребите нека си ги бараат кај себе во “белата палата”, а во меѓувреме од Арсовски барам да се извини во спротивно ќе ги употребам сите правни механизми вклучувајќи и тужба за клевета, напиша на својот ФБ профил министерот за транспорт и врски Благој Бочварски по обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за наводен скандал во кој општина Штип и доделува тендер на семејната фирма на Бочварски.