Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бочварски: Сакаме поширока дискусија за носење на новиот закон за легализација на дивоградбите

0
By Нова ТВ on March 2, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во тек се разговори со политичките партии и пратениците за новиот закон за легализација на бесправно изградените објекти во земјава. Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски вели дека разговорите се во почетна фаза и очекува партиите и опозицијата да дадат свои предлози. Новиот закон за легализација на дивоградбите е доставен во Парламентот на Република Северна Македонија од поодамна.

-Мое мислење е дека во однос на овој Закон треба да отвориме широка јавна расправа и дебата, но и со сите политички партии во Парламентот, да дискутираме можеби на подобрување на законскиот текст и подобро би било ако овој закон се донесе со поширок консензус, со поголема поддршка во собранието. Така што разговараме и очекуваме да ги слушнеме сите, предлозите на опозициските партии, на партиите во владејачкото мнозинство и потоа ќе носиме одлуки, вели Бочварски.

Тој истакна дека овој Закон го бараат и општините, а со него ќе се решат низа проблеми со инфраструктурни проекти, кои во моментов не можат да имаат и да добијат имотен лист од Катастарот и да се стават во правна рамка, бидејќи на општините и на институциите им недостасуваат одредена документација, која пред неколку децении согласно тогашните закони не била потребна при изградбата.

-Државата со овој Закон може да реши големи национални проекти, во однос на ставање во функција на впишување во Катастер на големи проекти од инасталациски мрежи, водоводи, канализации, гасоводи, далноводи. Во однос на објекти, коишто биле изградени во минатото, а дел од документацијата недостасува, за да можат да влезат во одредени идни постапки. Можеби со преструктуирање на одредени компании, каде што е потребно да се упише и да се види кој е имото на компанијата. Така што, има многу прашања, којшто покрива овој Закон. Затоа и сакаме да биде со поширока дискусија, вели Бочварски.

Градоначалникот на Општина Карбинци, Јордан Насев појаснува зошто е потребен овој закон за да селските водоводи и канализации во неговата општина, но и патот меѓу селата Таринци и Долни Балван добијат имотен лист, односно се впишат во Катастар.

– Кај нас, како општина се соочуваме и со инфраструктурни објекти, коишто се како патишта, водоснабдителни системи, канализациони системи, кои во минатото биле градени без соодветни дозволи и одобренија за градба и коишто во овој момент имаат третман на дивоградби. Значи од насушна потреба е донесувањето на овој Закон, посебно за локалната самоуправа, доколку сакаме да користиме средства за реконструкција, за обнова, за рехабилитација, вели Насев.

Посочува дека две години Општина Карбинци има обезбедено средства преку Светска банка за реконструкција на патот меѓу селата Таринци и Долни Балван, но не можат да се искористат, бидејќи овој пат не е впишан во Катастарот и се појавува како земјоделско земјиште, а низ него граѓаните поминуваат повеќе од половина век.

-Таков е случајот со овој пат, кој поврзува два регионални патишта, тоа е патот село Таринци село Долни Балван, во должина од два километра. Повеќе од две години настојуваме овој патен правец да го реконструираме. Средствата се обезбедени од Светска банка преку Министерството за транспорт и врски, но за жал овој патен правец не е впишан во Катастерот, односно нема катастарска парцела, како јавен пат, а за да го направиме тоа мора да направиме посебни проекти, да го впишиме и сето тоа одзема многу време и пари, а за целиот овој период граѓаните трпат, вели Насев.

Во моментов во Општина Карбинци евидентирани се околу 400 дивоградби, кои се изградени од страна на граѓаните. Општината со 15 вработени нема градежен инспектор, затоа и бара помош и меѓурегионална соработка од соседните општини.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.