Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Богдановиќ: Чудно е што Уставниот суд експресно донесе одлука за мораториумот

0
By Соња Петрушевска on March 21, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Разочарани сме и го разбираме гневот на граѓаните по одлуката на Уставниот суд времено да го укине мораториумот за ДУП-овите за општина Центар„ изјави на прес конференција градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ.

Уставниот суд вчера времено го укина мораториумот што општина Центар го изгласа за вкупно 31 детален урбанистички план, се додека не ја донесе одлуката дали Општината имала уставна надлежност да воведе забрана за спроведување на ДУП-овите.

Богдановиќ денеска кажа дека „мораториумот е на сила, се додека не ја добијат одлуката од Уставниот суд“. За одлуката треба да расправа и Советот на општината и најави дека тие ќе ги преземат сите правни можности мораториумот да остане на сила додека плановите не се ревидирааат.

Мораториумот беше воведен на седница на Советот на крајот на декември 2017 година кога почна да се преиспитуваат и изменуваат постојните планови.

Досега усвоени се два нови планови за Ново Маало и за Мирче Мацан во кои од постојните планови се избришаа хотели и згради со голем габарит, а се вцртаа паркови и зеленило.

Но, се уште се работи на плановите за Мал ринг, каде што според постојниот ДУП треба да се градат „Шпанските скали“ и земјиштето спроти Градскиот трговски центар на кое се вцртани три згради од по 60 спрата, и уште толку згради по 40 спрата.

По одлуката на Уставниот суд, Советот на општина Центар мора да го укине мораториумот и да одобри градење по постојните планови за кои експертската анализа покажа дека се незаконски и не овозможуваат хумано живеење за жителите на градот од апсект на доволно зеленило, светлина и густина на згради.

Богдановиќ го повика Уставниот суд да ја преиспита одлуката и ги повика Градежната комора и Комората на Северозападна Македонија да ја повлечат иницијативата што ја имаат пдонесено до Уставниот суд за укинување на мораториумот.

Сепак правниот вакуум што се создава од 30 дена, е доволно време за инвеститорите да поднесат барања за градење на веќе утврдените маркички за градби.

„Уставниот суд се согласува дека еден ДУП може да се смени со друг, но додека се подготи новиот план, ако во меѓувреме немате мораториум и почне да се гради по постојниот план, залудно вие ќе носите нов план. Сега со одлуката на Уставниот суд ни се ускратува можноста за мораториум“, рече Богдановиќ.

За него е исто така чудно што Уставниот суд повеќе од една година не одлучувал по иницијативата што ја поднела општина Центар, а за две месеци одговорил на барањето на Коморите за укинување на мораториумот.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.