Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Богоевски: Џафери го заштити организаторот на 27 април, правејќи будали од сите нас

0
By Нова ТВ on February 25, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Комисијата за мадатно имунитетни прашања и пратеник Павле Богоевски денеска преку Фејсбук го обвини претседателот на Собранието Талат Џафери дека го злоупотребил Парламентот за да го заштити организаторот на 27 април.

-Нашиот глас за Талат Џафери на 27ми април резултираше со обид за наше убиство и терористички акт врз законодавниот дом. Тој немаше ниту гребнатинка. Вчера, тој го злоупотреби истото Собрание и го заштити организаторот од притвор, правејќи будали од сите нас. Денес низ медиумите прочитав информација дека парламентарните седници се одложени поради тоа што дел од пратениците се на службен пат. Тоа е уште една лага која најверојатно е излезена од неговиот кабинет, напиша Богоевски, откако вчера, непосредно пред полноќ, кога требаше да се гласа за одземање на имунитетот на Трајко Вељаноски, по барање на Судот, Џафери ненадејно ја одложи седницата без образложение и најави дека таа дополнително ќе биде закажана.

Генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацоски исто така на својот Фејсбук профил, побара од Џафери да одговори  дали синоќа имало некакви калкулации.

-Синоќа пратениците од мнозинството во Собранието беа подготвени да донесат одлука со која му се овозможува на судот да ги продолжи непречено своите процеси.

Пратениците беа подготвени да овозможат правдата за 27 април да се тера до крај, но претседателот на Собранието, Талат Џафери ја прекина седницата и не дозволи да има гласање за одземање на имунитетот на обвинетиот пратеник Трајко Вељаноски.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, должи одговор на јавноста, на граѓаните, зошто ја прекина седницата за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Велјановски и зошто дозволи да настане неред на синоќешната седница.

Кворум постоеше. Мнозинството беше тука спремно за гласање. Граѓаните прашуваат, а Талат Џафери е должен да им објасни и на јавноста и на колегите пратеници – Зошто беше прекината седницата на која требаше да биде одземен имунитетот на обвинетиот за организација на 27 април, Трајко Вељаноски?

Бараме принципиелност, Собранието е должно да постапува и да му овозможи на судот непречено да работи.

За Трајко Велјановски мора да важат истите процедури и правила како и за секој друг пратеник.

Собранието мора да постапува како што секогаш постапувало за сите други пратеници кои биле обвинети и за кои се барало одлука за нивна одговорност.

Поради ова, во Собранието денес нема услови да продолжат останатите активности.

27 април е крвав настан а неговите организатори мора да одговараат.

СДСМ е одговорна партија со одговорна пратеничка група – правдата и интересот на јавноста за нас е на прво место.

Јавноста бара одговори, дали се калкулирало синоќа или не, а претседателот Талат Џафери треба да одговори, напиша Кирацоски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.