Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Богови, смилувајте се на Хан

0
By Биљана Секуловска on May 28, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 

И што да се каже после се? Само неколку часа (добро, се работи за добри пет часа, но никој не е совршен) му требаа на Јоханес Хан да се огласи за последното маестрално дело на претседателот Иванов. Да се аболицираат 22 политичари, тоа е одлуката на Иванов, после што Хан вели дека ЕУ бара избегнување на селективна правда.

Неколку часа и требаа и на американската Амбасада и таа да се огласи, но станува веќе здодевно, истата тема- не смее да има селективна правда, па тоа е  е кажано милијарди и неброени милиони пати, што треба, да се истетовираат ли странците на челото со оваа порака за еден барем, еден од ВМРО, да сфати? Да сфати- дека се има крај?

О. богови, смилувајте се некому веќе еднаш.

На Иванов за почеток, кој може да се нарекува претседател колку сака, но што со тоа побогу, кој има од тоа нешто, воопшто? Немојте да грмите богови, просветлете го барем патот по кој допрва ќе оди, а не по кој тргнал. Кревате раменици? Велите дека спасот го нема, ве плаши бунилото во кое ве вовлекува кога го слушате, ви ечи во ушите и ја тресете главата додека не ви отпадне? Жални сте богови, беспомошни, но ако вие не ставите крај, да се збогуваме засекогаш.

На Хан, на Бејли, на Хајндл, можеме ние и уште и повеќе да примиме, милост и за нив дајте. Ним никогаш и не им било јасно зошто и како (а кому му било, јас таков не знам), но се обиделе некако и понекогаш, а се чини недоволно. И тие тоа добро го знаат, но што понатаму и зошто воопшто, дури и ние се прашуваме се почесто.

Или можеби на шарените, па дајте и тука некоја мила трошка надеж, боговите ги сакаат шарените, сакаат кога се исфрла бесот, гневот, да завладее лудилото, само така може да дојде еден ден спокојот.

Или на Груевски ако сакате, нека му се смилуваат нему боговите, нека го смират додека тој навлегол длабоко во потрагата на сектите, оо, богови, особено нему смилувајте му се. Тој вели дека се тоа невладините, секти добога, дека скокаат врз програмата на ВМРО, смилувајте му се за подолго време нему, стоплете ја неговата душа, запејте една приспивна.

Смилувајте се на пензионерот кој ги раскопува кантите а до вчера беше пристоен господин со службеничка плата, на корумпираните а сепак аболицирани, на раката која потегна по пиштолот и Коста Крпач веќе нема глас, не може да се сети веќе на ништо,  на бездомникот кој го демнее со копнеж мракот, за да ги стопли патеките по кои оди и да ги нарече свој дом.

На било кого смилувајте се. Само нека заврши оваа пародија.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.