Ербас во текот на 2012 година испорачал 588 авиони за вкупно 89 клиенти, што е нова рекордна бројка, по испорачаните 534 воздухоплови во 2011 година, објави во четвртокот компанијата.
Сепак, разочарувачки се податоците за продажбата на ударната игла на Ербас, односно на најголемиот авион на светот суперџамбо А380, која достигна едвај третина од планираната продажба, поради проблемите со крилата, кои во меѓувреме се отстранети.
Ербас во 2012-та вкупно продал 833 авиони, што е повеќе од зацртаните 650, впечатливо помалку од рекордната продажба на 1.419 воздухоплови во 2011-та година.
Во Ербас се оптимисти за 2013-та година и очекуваат дека ќе примат над 700 нарачки и да испорачаат над 600 авиони.