Ивица Боцевски: Има во јавноста и некои други гледишта и алтернативи, но реално гледано, една рационална и ладнокрвна анализа не дава друга алтернатива. Географијата е таа – Македонија е на европскиот континент. Географијата и економијата детерминираат.
Македонската и југословенската економија претходно како главен партнер ја имаат Европската економска заедница, подоцна и ЕУ уште од 60-тите години. Тоа се толку взаемно преплетени врски што јасно кажува кој ни е национален интерес. Заради Спогодбата за стабилизација и асоциација оваа соработка е уште повеќе продлабочена. Македонија ако бара алтернативи вон европската интеграција, може драстично да ја загрози својата економија.
Наместо да бараме луди алтернативи, бриксови и слично“, нагласува Боцевски. Тој додава дека „алтернатива е да ја разложиме европската интеграција и да видиме дали е можен некој постепен влез, па за членство да оставиме кога ќе се отвори политички простор. Друга алтернатива во моментов не гледам. Линк