Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бојо Андревски не кажува под кои услови ќе функционира Медицинскиот факултет

0
By Менче Атанасова Точи on April 22, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нема одговор од Европски универзитет како и каде ќе функционира Медицискиот факулетет за кој деновиве доби акредитација, имаат ли Клиника за да може да функционира една ваква сериозна образовна инстутуција. НОВА неколку дена чека објаснување дали има доволно наставен кадар и каде ќе се изведува практичната настава.

Нема одговор ниту дали имаат поднесено барање за акредитација и за Фармацевски факултет, како што неофицијално објави НОВА. Сопственикот на Европски, односно претседателот како што го ословуваат вработените, Бојо Андревски прво се согласи на разговор, но половина час подоцна се предомисли и ја откажа средбата преку неговата секретарка.

„Претседателот не е во можност сега да ве прими и го откажува интервјуто. Барајте го во текот на наредните денови“, беше краткото објаснување од неговата секретарка.

Но, Бојо Андревски повеќе не одговара на телефонските повици и на СМС пораките со прашањата на НОВА. На веб страната на Европски универзитет нема е-меил адреса, има само обични телефони на кој не може да се добие никој, а некои од нив не постојат. Контакт со Универзитет кој се декларира како Европски, едноставно е невозможен.

Претходно, во неформалниот разговор, на првото јавување кога закажавме интервју, Анревски рече дека за отварање на Медицински факултет има услови и наставен кадар повеќе од потребното.

„Во првата година не ми е потребна Клиника, тоа за понатаму, сега сме во првата фаза. Што се однесува до професори, нив ги имаме повеќе од потребно“,рече Андревски во неформалниот телефонски разговор.

Од друга страна, универзитетски професори за НОВА велат дека анатомија е предмет кој се учи во прва година, дека основно за Медицински факултет да може да образува студенти уште од прва година, е да располга со хистолошка и лабораторија за патологија, како и сите одделенија и лаборатории, каде што може да се изведува наставата, вклучително и експерименти со глувци. Такво нешто на Европскиот факулетет очигледно, не постои.

Неофицијално дознаваме, дека факултетот склучил договор со една приватна болница, каде што не се работат сите области од медицината, но оваа информација исто така нема официјална потврда.

НОВА веќе објави дека јавноста и универзитетските професори се вознемирени, бидејќи како што велат професорите, за да се добие акредитација за Медицински факултет треба да се исполнат строги критериуми и да се даде голема гаранција како на студентите, идни лекари, така и на пациентите. Условите за работа на факултетот се создаваат со години и таму не смее да има импровизации, а државниот Медицински факултет се создавал 60 години и се уште има недостатоци, велат од професорската фела.

Иако станува збор за многу сериозна работа во Ректорот на УКИМ, се уште немаат информации за деталите за акредитацијата.

„УКИМ нема надлежност во ова прашање, но како најстар Универзитет на кој се реализираат студиски програми од медицински науки, секогаш сме внимателни кога се акредитираат програми што се од неспорен интерес за државата, бидејќи се работи за крајно сериозна и чувствителна професија ,строго регулирана со европските директиви“потенцира Ректорот на УКИМ Велимир Стојковски.

Бојо Андревски важи за близок човек до власта. Овој потег, јавноста и универзитетските професори го коментираат како уште еден гест со кој на мала врата му се овозможува отворање на Медицински факултет, но деталите за тоа кои услови ги исполнува факулетот, од Одборот за акредитација не ги соопштуваат.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.