Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Болест со која од готово направивме вересија

0
By Нова ТВ on November 13, 2015 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Дејан Ѓоршоски, поранешен специјален пратеник на Република Македонија во ЕУ 2009-2010 година

Гледајќи наназад кон онаа ЕУфорична и успешна есен 2009 година, кога го фативме европскиот воз со првата препорака за старт на преговори и визнатa либерализација и правејќи ретроспектива со денешната ситуација во која се наоѓаме, заклучок кој оди на штета na перспектвата на Македонија, е дека возот се лизга наназад или – од готово направивме вересија.

Во дадениот момент треба да се спаси она што може а тоа е воспоставениот безвизен режим. Како и за препораката така и за визната либерализација беше потребен многу труд и лобирање, пред се од страна на јавната администрација. Но, најлесно се троши она што другиот ти го изработил.

Причините за оваа ситуација се повеќесложни, надворешни и домашни.

До оваа година една од главните причини беше механизмот на донесување на одлуки во ЕУ, односно поставеноста на институциите на ЕУ, што од своја страна укажува на несовршениот начин на организација на ЕУ. Се работи за не-синхронизираниот пристап во оценувањето на европските институции за почетокот на преговорите за членство на Македонија со ЕУ.

Имено, и покрај добрата воља на Европската комисија, крајниот исход беше однапред познат, така штo со години Македонија добива лажна надеж со збирно позитивната оценка на Европската комисија за рутинско техничко исполнување на критериумите за членство.

Вообичаено, на крај таа еуфорија преминува во сеопшто разочарување и барање виновници за лошите вести кои пристигнуваат од Советот на ЕУ спакувани во тезата за добрососедство, преку билатералниот политички проблем за кој, патем речено, има поделени мислења помеѓу земјите членки на ЕУ.

И оваа година го имаме истиот проблем. Но, за да не биде тој осамен, си додадовме еден куп домашни, не бил рекол ‘нови’ причини за назадување, туку барем досега непотврдени и не испливани на површина, причини кои укажуваат на сериозно нарушувања на основните начела на демократијата.

Да не должам многу, сето ова не доведе во една “лимбо” ситуација во која, заради политичко преживување на малкумина, повторно се става во неизвесност перспективата на мнозинството. И тоа така се врти во круг веќе неколку децении.

Тоа доведе до ситуација во која се помалку луѓе ја гледаат својата иднина во државата, а и оние што останаа во неа се поделени и «одродени» до ниво на “студена војна” и едни со други не сакаат «очида си видат». Дури и семејствата не останаа поштедени.

Праксата вели дека лечењето на болеста трае скоро толку колку и нејзиното создавање. Така што процесот на помирување ќе биде долг и мачен: само што се научивме да се мразиме, сега ќе треба да се научиме да се сакаме. Не исклучувам и потреба од проекти за интра-национален соживот и помирување.

Факт е дека максимата ‘Divide et impera’ (раздели па владеј) на нашето тло успева и токму поради тоа единствен лек во оваа ситуација е освестување, помирување и обединување. Тоа е вистинскиот одговор на сите обиди за поделба меѓу граѓаните. Студентите, учениците и граѓанските здружувања беа одличен пример. Примери има и во соседството како Церар, Петров….

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.