Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Болеста на теориите на заговор: Од чума до коронавирус

0
By Нова ТВ on March 11, 2020 ВЕСТИ
Фото: dw.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Да расчистиме веднаш – не, нема докази дека коронавирусот води потекло од американските или кинеските воени лаборатории. Исто така, ни Албанците не се генетски отпорни на коронавирусот, како што тврдат некои медиуми. Конечно, ни бугарскиот премиер Бојко Борисов не е толку моќен за да го држи вирусот подалеку од неговата земја, како што велат некои „видовити“ луѓе.

Листата на корона-глупости кои кружат по интернетот е доста долга. Некои од нив се само смешни, а други се застрашувачки. Јутјуберката Дејн Ешли, на пример, на своите илјадници следбеници на Фејсбук и Јутјуб им „објасни“ дека „вистинскиот извор“ на коронавирусот е 5Г- мрежата на мобилна телефонија во кинескиот град Вухан.

Долга историја на заговори и зарази

Со оглед на поплавата на дезинформации за коронавирусот повеќе не изненадува што властите сега објавуваат речиси ист број официјални предупредувања од лажни вести како и предупредувања за самата болест. Светската здравствена организација (СЗО) во меѓувреме отвори и посебна страница со која се бори против лажните вести поврзани со Ковид-19, а посебно оние опасните во кои се делат совети како „да се излечите“ од тоа заболување на белите дробови. СЗО и здравствените установи така покажуваат дека научиле од грешките од минатото.

Глобалните пандемии секогаш се проследени со гласини и теории на заговор. И тоа со фатални последици. Притоа, посебно заземаат – како во минатото, така и денес – вестите за изворите и патиштата на ширење на болеста.

„Теориите на заговор по правило опишуваат како разни групи кои делуваат во тајност, се обидуваат да контролираат или уништат некоја институција, држава или целиот свет“, вели професорот Михаел Бутер од Универзитетот во Тибинген.

Црна смрт

Кога чумата ја зафати Европа кон средината на 14 век, никој не знаеше од каде тргнала заразата. Набрзо почнаа да се шират гласини за трујачи на бунари. И исто толку брзо се пронајдени виновниците – евреите со своите ѓаволски планови за управување со светот. Една необјаснета зараза доби политичка позадина и експлодираше низ погроми и протерување на Евреите. Но, таквите теории на заговор не се специјалност на некои дамнешни времиња натоварени со бремето на празноверието и незнаењето.

„Германски отров“

Меѓу 1918 година и 1920 година тн. „шпански грип“ предизвика меѓу 25 и 50 милиони смртни случаи, повеќе од Првата светска војна. Изворот на болеста е откриен дури во 30-те години, а дотогаш било врежано мислењето дека болеста е „плод на германските воени лаборатории“.

Инсекти против ГДР

Иако не станува збор за болест, наездата на компир Буба во Германската демократска република во 50-те години на минатиот век, исто така, беше извор на најлуди теории на заговор. Оваа наезда речиси го уништи целосниот принос на компир во Источна Германија, а социјалистичката пропаганда ги обвини САД дека, за да ја саботираат ГДР, ги пуштиле во оптек опасните штетници. Властите со тоа сакаа да го свртат вниманието од сопствената одговорност.

Операција „Детрик“

Но, неславниот рекордер по бројот на дезинформациски кампањи, секако, е болеста на имунолошкиот систем СИДА. Советската тајна служба КГБ во 1983 година ја лансираше гласината дека СИДА-та како биолошко оружје потекнува од Форт Детрик, каде Американците експериментирале врз заробеници, малцинства и хомосексуалци. Потоа уште тврдеа дека САД ги прикриваат трагите со тврдењето дека изворот на заразата бил во Африка.

Во 1985 година, германскиот професор по биологија од руско потекло Јакоб Сегал дури објави и псевдо-научна студија во поддршка на теориите на заговор. Но, и покрај тоа што бројни медицински научници ги отрфрлија неоснованите тврдења како глупост, оваа теорија на заговор остана популарна се до денес.

Она што функционираше со СИДА-та, се потврди и кај многу други болести. Во 90-те години од минатиот век, СИДА-та не беше толку актуелна, а Советскиот сојуз замина во историјата, но и покрај тоа повторно беше обвинета истата американска лабораторија во Форт Детрик за избивањето на епидемијата на Ебола во Африка.

Биолошкото оружје и дигиталното време

Шпански грип, СИДА, Ебола, а сега и коронавирусот. Списокот на глобални болести кои наводно потекнуваат од американски и други воени лаборатории е се подолг. Тука треба да се додаде и гласината дека коронавирусот всушност е кинеско биолошко оружје.

Аргументите притоа секогаш наликуваат едни на други, но докази нема. Таквите теории на заговор се раѓаат во раните фази на пандемиите, тогаш кога потеклото и ширењето на болестите сè уште не се доволно разјаснети. Дигиталниот свет само дополнително ги искомпликува работите. Гласините и лажните вести преку социјалните медиуми сега се шират многу побрзо одошто научниците и институциите како противтежа можат да им стават на граѓаните на располагање издржани информации. На тој начин, дигиталниот свет делува како турбо-полнач за лажните вести за болестите.

Притоа, коронавирусот може да се запре само со сериозна наука, со ширење на хигиената и со медицинска нега. И при конзумирањето на информациите помагаат слични методи: образование, медиумска компетентност и ментална хигиена. Кај некои можеби ќе помогнат и едно или две шишиња Корона пиво. Бидејќи е познато какво влијание има пивото на нервите.

болести заговори Коронавирус Теории
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

ВЕСТИ November 4, 2025

Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок на својот пат кон ЕУ во…

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.