Боливија го усвои контроверзниот закон кој го отвора патот за претседателот Ево Моралес да биде избран по трет пат, јавува Би-Би-Си.
Но, иако боливискиот Устав вели дека претседателите може само да служат два мандата, највисокиот суд на Боливија донесе одлука минатиот месец дека, бидејќи уставот беше променет во текот на првите четири години на владеење на Моралес, тој термин не се брои.
Опозициските политичари велат дека законот е неуставен и дека тие ќе се обидат да го срушат.
Законот беше потпишан од страна на потпретседателот на Боливија, Алваро Гарсија Линера, затоа што Моралес е надвор од земјата.
“Тој има уставно право да избере да биде ре-избран”, изјави Гарсија Линера во главниот град на Боливија, Ла Паз.
Моралес стана боливиски претседател во 2006 година а беше повторно беше избран со огромно мнозинство во 2009 година, по менување на Уставот и е познат како претседател на сиромашните.