Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Болката на Река

0
By Биљана Секуловска on April 6, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Блерим Река, кандидатот за претседател на Беса и на Алијансата на Албанците, вели дека не може да се чека уште 20 години, за Албанец да стане претседател на Македонија.

Изјава која заболува. Изјава во која читате дека Река, дека Албанците, дека луѓето кои имаат поинаква етничка припадност од македонската, луѓето во оваа земја кои не се Македонци, се чувствуваат како граѓани од втор ред.

Изјава во која се подразбира дека претседателската функција и изборот не зависи воопшто од квалитетите на Блерим Река, или пак, од неговите слабости, несоодветност за кандидат, од квалификуваноста за избор на достоен претседател.

Зависи само од нечија поделеност. Од левата и десната хемисфера во мозокот, од нечие прифаќање или одбивање, на се што не е македонско, од едниот дел кој останал закоравен, закржлавен, неупотреблив. И така го зафатил и целиот мозок, кој не служи за ништо, никому, освен на оние кои само го носат како наш товар.

Зависи од историските хендикепи и старата балканска болка, да се мразиме, да не се поднесуваме, да си објавуваме големи или секојдневни ситни, подли војни, да испишуваме читанки за историските походи во кои уште живееме и го славиме, кутрите ние.

Да вееме со знамињата дури и по домовите, да палиме туѓи, на соседот, на довчерашиот побратим ако треба, но, којзнае како не учеле низ вековите, дека тоа така мора да изгледа на овие простори.

Ние знаеме само да се пресметуваме меѓуебно, да се кошкаме, да се подбуцнуваме, да ни вријат градите, носејќи туѓи глави на копјата, оние кои не го зборуваат нашиот јазик и кои замислуваме дека физички не ни наликуваат, па велиме со подбив дека нам ни се непознати tтие племенски остатоци, кои евентуално можт да завршат како музејски експонати.

Зависиме од националистичкиот порив, запишаната супериорност во ДНК материјалот, во вечното и античко потекло, во се останато да се гледа со омаловажување, понижување, инфериорност, грубост и дрскост, во очигледен фашизам.

Токму затоа, очекувам борбата на Блерим Река, мојата, на сите нас, да продолжи во заедничка држава, во која сите подеднакво, од првото одделение ќе се учат два задолжителни јазика- македонски и албански, а за некоја година подоцна, и задолжителни странски јазици по избор. Самот така, тие 20 години кои Река ги споменува а сите ги носиме како товар ќе ги пречекориме, само тогаш кога ќе имаме храбри лидери, но и ние сите ќе станеме храбро општество, еднакво, праведно, вистинско.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.