На една млада жена ќе и биде ампутирана ногата бидејќи била заразена со болничка инфекција на една скопска клиника. Опасните бакерии кои виреат во болниците одземаат и животи. Како македонското здравство се справува со нив?
Како нехигиената, недостигот на медицински кадар, немање на средства за дезинфекција ја разгоруваат појавата на опасните болнички бактерии? Кои пациенти се најмногу изложени на ризик? На кои клиники виреат најмногу и како се пренесуваат? Дебатираат Проф. Каќа Поповска раководител на Институтот за микробиологија и потпреседател на Комисијата за интерхоспитални инфекции, др. Марија Таневска од ДСЗИ, др. Уриме Демири Шаипи стоматолог, која магистрирала од областа на интерхоспиталните инфекции.