Eксплозија на бомба во Атина го разнесе автомобилот на шефот на атинскиот затвор Коридалос
Една жена се здобила со помали повреди на главата од удар на парчиња стакло, јавуваат грчките медиуми. Автомобилот сосема е уништен, а експлозијата причинила материјална штета и на околните згради
Експлозијата се случила по два претходни предупредувачkи телефонски повици во Антена 1 телевизијата и на сајтот Зунгла, во кои непознати лица изјавиле дека бомбата ќе експлодира за 20 минути.
Засега никој не ја презел одговорноста за експлозијата.