Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бомбардирање на нацијата

0
By Zoran Ivanov on April 8, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 8, 2026 21:37

Не случајно се повикува таа оглупавена маса да чека гаранции, ако треба и со децении. Мислам дека тоа е премногу комотен период на распаѓањето. Тој има психолошка смисла: сугерира отпорност кон времето и критериумите на светот, а всушност обезбедува многу покус рок на живот со болеста на вмро. Секој добар политички доктор тоа ќе ви го каже.

Бранко Тричковски

Повеќе пати се ободувам да ја отворам темата за вистината за вмро како политички концепт на себе како мит. Таа вистина е многу важна, ако не и најважна, затоа што ќе ни каже дека мисијата на тие што ги водат процесите, не е изолација на Македонија, прекинување на евроинтеграциите и дистанца од Брисел, не е ниту таканаречениот српски свет, а не е ниту путинистичкиот свет, не се ниту национализмот и популизмот, како цели. Тоа се само инструменти, методи и форми на празнење и деформирање на националната супстанца и крах на македонскиот државен и национален проект. Особено на национаниот. Дури и пљачката ја има таа функција пред простото богатење на кримоси и антимакедонски мисионери маскирани во политичари.

Знам дека ќе звучи апсурдно, но потпалувањето на националистичкиот оган е најдобар и истовремено алибичен начин за исчезнување на македонската нација во огнот на глупавите, бесмислени, идиотски пумпања на себе како најпроста можна маса што останала како последен остаток од нацијата како политички, државен и културен израз на македонскиот народ.

Нацијата се бомбардира со томахавки на глупоста.

Не случајно се повикува таа оглупавена маса да чека гаранции, ако треба и со децении. Мислам дека тоа е премногу комотен период на распаѓањето. Тој има психолошка смисла: сугерира отпорност кон времето и критериумите на светот, а всушност обезбедува многу покус рок на живот со болеста на вмро. Секој добар политички доктор тоа ќе ви го каже.

Претворањето на образовниот систем во фабрика за производство на кретени, а правосудниот систем во шатор на кловнови, не е само користољубива поента за партијата на власт, туку е и атентнат врз тоа што од народот беше направено меѓу 1945 и 1990 година. Не беше тоа малку, но времето не стигна да не оформи како субјекти способни да опстанеме и да се развиваме во слободниот свет кој и самиот тендира кон дисквалификации на слободата.

Општо земено, нашата тажна судбина е праведен исход на нашата шуплива историја, ниска или безмалку никаква државотворна свест, катастрофална политичка и општа култура, на стрвливоста со која се совладуваат фрустрациите итн.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

Бранко Тричковски колумна ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
ФОКУС
April 14, 2026

Скопје: Кривичниот суд објави кога на Никола Груевски му застаруваат делата

ВЕСТИ April 14, 2026

Кривичниот суд попладнево во соопштение информираше за тоа кога застарува извршувањето на сите изречени казни…

Филипче: Паѓаат автократите – по Орбан следни се Вучиќ и Мицкоски

April 14, 2026

Песков: Русија нема да му честита на Маѓар бидејќи Унгарија е непријател / Маѓар: Ако ми се јави Путин ќе кренам

April 14, 2026

Маѓар и до Груевски да ја заобиколи ИКЕА: Унгарија нема да биде засолниште за криминалци

April 13, 2026
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.