Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Бомбите“ вчера вечер одекнаа на театарската сцена на МОТ

0
By Нова ТВ on September 25, 2015 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вчера во рамките на МОТ беше прикажана представата Време на забава на режисерката Зоја Бузалковска.

Претставата на Бузалковска се осврнува на актуелните состојби во државата илсутрирајќи ја жестокоста на еден режим. Во представата во која публиката имаше можност да слушне и дел од објавените бомби на опозицијата во врска со случајот на Мартин Нешковски, Бузалковска прави експлицитна алузија на актуелните состојби во Македонија.

Бузалковска ја поставува претставата на начин во која доминантна треба да биде жестокоста и насилието, кои се подеднакво, вредност што ја нуди драмскиот јазик на Харолд Пинтер и предзнак што го имаат сите актуелни случувања на отворена пресметка на власта, нејзините послушници и извршители, овој пат во една експлицитно полициска и параполициска држава, со изблиците на отпор и непокор на напредните, смелите, слободните, различните, борците за права, граѓаните, сите оние што ќе одлучат гласно и организирано да го артикулираат својот став спротивен на ставовите на власта.

Претставата Време на забава, се состои од композиција што спојува три едночинки на Пинтер: Планински јазик, Една на заминување и Време на забава, како и една меѓуигра, замислена како интеракција со публиката – кратката едночинка Нов светски поредок. Планински јазик во оваа адаптација станува Комуњарски јазик.

Освен четирите едночинки, претставата содржи и документарни материјали од актуелните настани во Македонија, предизвикани од протестите во мај 2015 година, Во претставата се користат и лични приказни, исповести, јавни изјави, јавно извикувани пароли итн.
Време на забава нуди моќна слика на едно херметично, безглаво општество, преокупирано со својата упадлива потрошувачка и здравствен фашизам, кој е слепо индиферентен за ерозијата на граѓанските права.

Претставата е направена на доброволна основа, без буџет, со голем ентузијазам и со огромна помош на истомисленици. На претставата како гостин се јавува и познатиот борец за човекови права, Мирјана Најчевска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.