Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Борисов до Османи: Политички игри не треба да има – ќе биде грев пред историјата ако не најдеме компромис

0
By Нова ТВ on October 9, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Историјата да биде мост на пријателство и блискост, а не скршен мост по кој Северна Македонија не може да премине“, е пораката која бугарскиот премиер Бојко Борисов му ја упати на министерот за надворешни работи Бујар Османи кој во Софија се сретна и со неговата бугарска колешка Екатерина Захариева.

По неколку недели неизвесност во која насока ќе тргнат македонско-бугарските односи и дали ќе влијаат врз македонскиот европски пат министрите за надворешни работи на двете земји Бујар Османи и Екатерина Захариева се сретнаа тет-а-тет во главниот град на источниот сосед. Османи е прв македонски политичар кој се сретна и со бугарскиот премиер Бојко Борисов, но според изјавите, дали првата меѓувладина конференција Северна Македонија- ЕУ ќе се одржи во декември се уште останува неизвесно, јавува Слободна Европа.

„Вашите граѓани треба да знаат дека во Бугарија имате и секогаш сте имале најголема поддршка и едноставно треба да направиме така, историјата да биде мост на пријателство и блискост, а не скршен мост по кој Северна Македонија не може да премине. Така што тука политички игри не треба да има. Перспективата и моментот е толку важен во германското претседателство да се почне процедурата, меѓувладината седница, според мене ќе е грев пред историјата сегашните политички раководства во Бугарија и Северна Македонија да не најдат компромис. И нема да не сфати ниту светот“, рече Борисов на средбата со Османи и Захариева.

И додека бугарскиот премиер рече и дека со денешната средба почнуваат разговори на сите политички нивоа за да до 10 ноември, кога Бугарија и Северна Македонија се копретседавачи на Берлинскиот процес, се постигне компромисно решение кое треба да ги задоволува сите Османи и Захариева на заедничката прес конференција најавија почеток на работата и на заедничката мешовита комисија за историски и образовни прашања. Таа запре лани по барање на македонскиот тим поради предвремените парламентарни избори во Македонија.

Захариева го најави и конкретниот датум на средбата, 15 и 16 октомври и побара напредок во нејзината работа, инсистирајќи дека нивниот дел од комисијата не бил под политичко влијание. Таа нагласи и дека Бугарија прва ја призна независноста на Македонија, дека одамна ги признала современите политички реалности, дека секогаш ги поддржувала независноста и државниот суверенитет и дека никогаш немала територијални.

„Бугарија прва ја призна независноста на Македонија и одамна ја препозна модерната политичка реалност. Секогаш ги поддржувавме независноста и државниот суверенитет на Република Северна Македонија и никогаш не сме имале територијални претензии ниту сме им го ускратувале правото на самоидентификација на нејзините граѓани, изјави денеска во Софија министерката за надворешни работи Екатерина Захариева на заедничката прес-конференција со шефот на македонската дипломатија Бујар Османи

Македонскиот министер пак кажа дека разговорите во Софија биле отворени и на сите можни теми.

„Правото на самопределување и самоизјаснување е современо европско право кое лежи во фуднаменталните вредности на самата унија и не може да се решава со билатерални договори ниту пак сметам дека треба да создадеме клима дека некој ни го спори тоа“, рече Османи.

Борисов- бараме компромис

Инаку, Борисов рече дека се надева дека Северна Македонија ќе ги добие неопходни гаранции и од нив да оди по патот за зачленување во Европската унија.

„Треба да се направат неопходните компромиси од двете држави како што направија многу други и ние сме должни за сегашните и идните поколенија да направиме така што по никаков начин Северна Македонија, Албанија и државите од Западен Балкан да не бидат запирани по патот кон Европската унија. Се разбира јас лично сум многу вознемирен од внесувањето на ОМО Илинден и македонското малцинство во Бугарија во политичката резолуција на Европскиот парламент, но тоа во ниту еден случај не е од полза токму во овој момент во кој ние бараме компромис и на историчарите и на нашите политички партнери во Северна Македонија, во Скопје, и да најдеме решение на прашањето. Ова, според мене, не знам од каде дојде, но е факт…“ рече Борисов.

Ова е прва средба на двајцата колеги по објавувањето на Меморандумот со кој Софија побара поддршка од земјите членки на Европската унија за нивните позиции, односно билатералниот договор меѓу двете земји и добрите меѓусоседски односи да бидат дел од Преговарачка рамка за зачленување на Република Северна Македонија во ЕУ. Во меморандумот има и тези кои се доживеа како спорни во домашната јавност, најмногу деловите во кои се наведува дека Македонците не постоеле до 1944 година и дека македонскиот јазик е норма на бугарскиот.

Захариева денеска рече и дека била изненадена од зачуденоста од меморандумот кога нивните позиции биле јасни и за напредокот на Скопје кон НАТО и кон ЕУ.

Инаку по меморандумот Бугарија испрати и таканаречен коментар до земјите членки на унијата во кој конкретно побара во преговарачката рамка темата добрососедски односи да биде опфатена во првата група, односно во првиот кластер во пристапните преговори, кој според новата методологија на ЕУ прв се отвора и последен се затвора. Меѓувладината конференција меѓу земјава и Европската унија, со која официјално би започнале преговорите за зачленување, според очекувањата треба да се одржи во декември.

користен извор:слободнаевропа.мк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.