Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Борка“: Да се овозможат навремени прегледи за рано откривање на ракот на дојка

0
By НОВА ТВ on October 22, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во јавното здравство жените тешко доаѓаат до термини за ехо на дојка или мамограф особено во изминатата година и пол од почетокот на пандемијата со КОВИД-19. На одбележувањето на Месецот за борба со ракот на дојка, Здружението за борба против рак „Борка – За секој нов ден” и годинава укажа на важноста од навремени дијагностички прегледи со оглед дека се работи за болест што не може да се превенира и чиј позитивен исход зависи од раното откривање.

-Ракот на дојка не може да се превенира, може да се открие рано, а за да се открие рано треба да им овозможиме на жените да имаат навремени прегледи. Да не чекаат на листи, да не се чека за ехо преглед и за мамограф и скрининг-програмите во полн ек да почнат да се имплементираат секаде во општините. Бидејќи се појавува друг проблем – доцното дијагностицирање. Имаме пропуштено многу голем број луѓе, кои поради страв да патуваат, невакцинирани, не ги прават навреме дијагностичките процедури и ќе се јават во подоцен стадиум кога и самиот третман е многу потежок, изјави Биба Додева, претседателка на „Борка“ на настан по повод Месецот за борба со рак на дојка.

Апелираше да се надмине проблемот со процедурите за термини и да се овозможи радиологот веднаш да може да даде упат за биопсија, да се почне со скрининг-програмите и, конечно, како што рече, и кај нас да почне да се применува мултидисциплинарниот пристап како еден од релевантните начини на лекување на ракот воопшто, не само на дојка.

Соопшти дека според предвидената бројка на СЗО за минатата година, кај нас има намалување на нови случаи, т.е. 988 и 316 кои починале од рак на дојка.

-Трендот треба да биде во зголемување на инциденцата, да се зголемува раното откривање, а морталитетот да го намалуваме. За жал, така е и во Македонија, и во светот, и за тоа се зборува на последните конгреси за онколошките пациенти. Секаде во светот скрининг-програмите беа сопрени, дијагностичките процедури беа стопирани и намалени, се до еден период минатата година кога почна некако да се создаваат услови за дијагностички прегледи, рече Додева на настан во „Рамстор мол“ во Скопје, организиран по повод одбележувањето на Месецот за борба со рак на дојка.

Справувањето со предизвиците во услови и на негативното влијание од пандемијата ќе биде тема на 14. Национална конференција што вечер од 18 часот ќе се организира онлајн, со цел да се поттикне решавањето на проблемите со кои се соочуваат жените.

Елизабета Ѓоргиевска, сопруга на претседателот на државата Стево Пендаровски, на настанот во „Рамстор мол“ порача жените да посветат внимание, честопати да прават самопреглед, и редовни мамографии и при секоја промена да се јават на лекар.

-Исклучително е важно да се регистрираат првичните промени зашто на таков начин може да се преземат мерки и да се спаси животот. На овој ден да се потсетиме и да оддадеме почит на сите кои ја загубија битката со болеста, да им дадеме поддршка на сите оние што денес се борат и да повикаме на превентивни мерки – здравиот начин на живот, кој има исклучително влијание да се спречи ова заболување. Пред сè, да не се користи алкохол и тутун во огромни количини, да се користи здрава храна и да се има физичка активност, рече Ѓоргиевска, која трета година е дел од активностите на „Борка“ и на други здруженија активни во подигање на свесноста за ракот на дојка.

Генералната директорка на „Рамстор Македонија“, Даниела Адемоска истакна дека нивната компанија како општествено одговорна се придружува во одбележувањето на Месецот за борба со ракот на дојка, затоа што, рече, сите треба да покажеме солидарност кога е во прашање здравјето и оваа болест да не биде табу-тема и за неа отворено да се зборува.

-Во нашата компанија над 60 отсто вработени се жени и со овој настан сакаме да ги поддржиме сите кои имале искуство со борба со рак на дојка и да ја подигнеме свеста за рано дијагностицирање и преземање превентивни активности, додаде Адемоска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
ФОКУС

Копенхаген: Европските лидери се „договорија“ за ништо

ВЕСТИ October 2, 2025

Европските лидери во Копенхаген, Данска, цел ден расправаа за безбедноста на континентот но без конкретни…

Париз: Синдикални протести низ цела Франција – се бараат и повисоки даноци за богатите

October 2, 2025

Лидерот на военото крило на Хамас во Газа Дин ал-Хадад го отфрлил планот на Трамп за прекин на војната во енклавата

October 2, 2025

Штрајк со глад започнаа дел од грчките активисти од флотилата „Глобал Сумид“, кои се задржани од израелските власти

October 2, 2025
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.