Поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски кој е обвинет за помагање во убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев во 2001 година, во завршниот збор пред судот побара ослободителна пресуда, судскиот процес за овој случај го нарече апсурден и рече дека тој и поранешната премиерка на Украина, Јулија Тимошенко се единствени политички затвореници во Европа.
-Нема режим од југословенскиот наваму што не ме затворил. Останав жив, за да можат различни режими да се изживуваат со мене и со мојата визија за поинаква Македонија. Би сакал да ја искористам оваа можност да им простам на своите прогонители, како и на прогонителите, на прогонителите, изјавил Бошкоски, јавува порталот Академик.
Според него, заштитениот сведок во овој случај е фантом, сведок еден како ниеден, а со неговиот исказ обвинителството си противречи само на себе. Не знаел ниту каде живее Бошкоски, ниту ги знаел времето и местото каде што се случило убиството.
-Правната држава е во колапс и судството одлучува по наредби на власт што жигосува цели семејства, изјавил Бошкоски.