Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бошњаците бараат измени во пет историски учебници, Комисијата за дискриминација вели дека се во право

0
By Соња Крамарска on April 1, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пратеникот Зеќир Рамчиловиќ добил известување од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, со кое му го прифаќа тврдењето дека во учебниците по историја има содржини кои значат вознемирување врз етничка припадност и религија.

„Правдата може да е бавна, но секогаш излегува на виделина како и вистината. Пред некој ден го добив Мислењето од Комисијата донесено на 17.02.2022, кое исто така е објавено и на нивната веб страница со кое се утврдува вознемирување врз основа на етничка припадност и религија или верско уверување во областа на образованието. Моето Барање со кое треба да се отстранат несоодветни содржини во учебниците по историја се однесуваат на Бошњаците и на Босна и Херцеговина и истите за жал ги има повеќе од кои во мислењето се прифатени 5 забелешки во 5 различни учебници“, вели Рамчиловиќ.

Тој додава дека наставните содржини во учебниците мора да бидат секогаш потпрени на факти, без неточни и неправилни содржини кои создаваат предрасуди и стереотипи. „За жал сеуште во нашите учебници има такви содржини, што ме натера да поднесам претставки до повеќе инстанци, меѓудругите и до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација“, додава тој.

Комисијата врз основа на законот има обврска да препорача начин за отстранување на дискриминацијата. И истата од Министерството за образование и наука да бара да постапи и да ја отстрани повредата на правото на еднаквост во рок од 3 месеци и за тоа да ја извести Комисијата. Односно Министерството за образование преку Педагошката служба да ги отстрани несоодветните содржини во учебниците по историја кои се однесуваат на Бошњаците и Босна и Херцеговина.

 

 

Бошњаци историски учебници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025
ФОКУС

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

ВЕСТИ October 31, 2025

Кинескиот министер за одбрана Донг Џун денеска во разговорите на високо ниво во Малезија изјави…

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

October 30, 2025

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025
ТИКЕР

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.