После убивањето на еден од осомничените во нападот на бостонскиот маратон, идентификуван како Тамерлан Царнаец, полицијата планира контролирана експлозија во Нортфолк улицата во Кембриџ, каде се претпоставува дека се наоѓа вториот осомничен, неговиот брат , со цел да и се предаде на полицијата.
Бостон практично е блокиран, додека трае ловот на Џокар Царнаев.
Во фотографии објавени од страна на ФБИ на бомбардирањето, помладиот брат се гледа облечен во бела капа. Агенцијата го нарече Осомничениот бр 2.
Се верува дека 19 годишниот Царнаев е вооружен, додека извори за Си-Ен-Ен велат дека неговиот брат носел експлозиви, кога му било пронајдено телото.