Осомничениот за бомбашките напади за време на бостонскиот маратон Џохар Царнаев на истражителите им изјави како неговиот брат, убиен во петокот од полицијата е всушност мозокот на целата операција и дека никаква меѓународна терористичка група не стои позади нападот, јавува Си-Ен-Ен, повикувајќи се на извор од американската влада.
Од прелиминарните разговори со Царнаев, полицијата заклучила дека браќата биле радикални џихадисти. Џохар, кој се уште се наоѓа во болница, поради тешката повреда кај вратот здобиена во престрелка со полицијата, изјавил дека неговиот брат сакал да го одбрани Исламот.
Изворот на Си-Ен-Ен напоменал дека се работи само за прелиминарни разговори и дека претстои многу работа пред нив.