Осомничените во теророт на бостонскиот маратон биле браќа, јавува Си-Ен-Ен, повикувајќи се на експерт за тероризам.
Едниот од нив е убиен, а другиот е во бегство, а според информациите се работи за Чеченци. Преживеаниот е идентификуван како Џохар А. Царнаев, 19 годишник кој живее во Кембриџ, надвор од Бостон и се смета дека можеби е вооружен и опасен.