Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Божик на 25 декември не е само на католиците, го слават и протестантите и дел од православните верници

0
By Marija Todorovska on December 25, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Затоа, кога следниот пат ќе решите да го честитате Божик на 25 декември, најкоректно е честитките да бидат упатени кон верниците кои празнуваат според Грегоријанскиот календар.

Драган Мишев

Како и секоја година, така и оваа, дел од домашните политичари, како и на социјалните мрежи, честитките за Божик на 25 декември ги испраќаат, според едно одамна воспоставено клише, само на верниците од католичка вероисповест.

Иако со најдобри намери, на овој начин, најверојатно од неинформираност, се запоставуваат другите религиозни заедници кај нас кои Божик го слават според грегоријанскиот календар.  Освен католиците, Божик на 25 декември слават и протестантите и дел од православните верници, кои го имаат усвоено неојулијанскиот календар, кој се совпаѓа со Грегоријанскиот календар до 2800 година, меѓу кои спаѓаат Грција, Романија, Бугарија, како и соседна Албанија, од неодамна и Украина, а последниве години Молдавците го прославуваат Божиќ и во нов и во стари стил, со црвено се означени датумите 25 декември и 7 јануари во календарот.

Северна Македонија остана во друштво со Русија, Белорусија, Србија, Црна Гора, Република Српска, Грузија кои го слават Божик на 7 јануари според соларниот календар што го воведе Јулиј Цезар во 46 п.н.е.

Затоа, кога следниот пат ќе решите да го честитате Божик на 25 декември, најкоректно е честитките да бидат упатени кон верниците кои празнуваат според Грегоријанскиот календар. За да нема повредени национално-верски чувства, па некој да се сети да ги (зло)употреби за некои идни блокади.

ЧЕСТИТ БОЖИК, НА СИТЕ КОИ ГО СЛАВАТ!

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа 

Божиќ Грегоријански календар католици протестанти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.