Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Божин Павловски: Запрете ја лустрацијата

0
By Нова ТВ on July 6, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во мојот 71-годишен живот помнам само двајца семожни политичари. Лазар Колишевски и Никола Груевски. Овој помладиов, кој е барем десетпати помоќен од својот харизматичен претходник, веројатно не е ни свесен што му е подметнато со лустрирањето на одамна починатиот академик Славко Јаневски, вели во својата писмена реакција која ја објави mkd.mk, познатиот македонски писател Божин Павловски и додава:

„Стравични ќе бидат последиците и за владејачката партија и за културниот и творечкиот амбиент во Македонија. Не верувам дека премиерот го одобрил овој срамотилак и простотилак и се надевам брзо ќе реагира, колку-толку, да ја санира штетата“.

Славко Јаневски беше темпераментен уметник и во своите рекордни 60 години на културната ветрометина полемизирал со многу свои колеги. Сепак, не можел да влијае негативно врз творечките процеси и гарантирам дека не им нанесол
пакост ниту на колегите Петре М. Андреевски и Гане Тодоровски, ниту пак мене. Напротив, тој помогнал да се изострат естетските критериуми,додава Павловски. Тој смета дека, како што ги нарекува, „Господата лустратори“ не знаат да им пристапат на досиеjата што постојат за сите важни персони во Македонија, тие се инструирани од некого да ја компромитираат забрзаната македонска еманципација.

Славко Јаневски од еснафот, од културата и просветата, се доживува како духовен межник. Во уметноста тој е нешто слично како Блаже Конески во науката, вели акдемик Божин Павловски во отвореното писмо преку кое го повикува премиерот веднаш да реагира, зашто, во спротивно, ќе ескалира целата ситуација како онаа со размената на територии. Тој нагласува:

,,Жал ми е што морам вака да реагирам при моето триесет и прво
враќање во својата прва татковина. Доколку се охрабруваат разни групи од мародери, нема зошто да си доаѓам. Туѓи ми се политичките типови што режираат безнадеж во македонската средина“.

Акдемик Павловски додава дека Славко Јаневски создал импресивен творечки опус, што го учеа многу генерации, бил неповторлив истражувач во просторот и времето и, експерт за македонскиот јазик. Впишан е со златни букви меѓу основачите на највиталните културни и творечки институции на Република Македонија.

(фотографија: Дневник)

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.